15 Декември, 2025
0.0387

Пред почетокот на туристичката сезона – Пакомак донираше контејнери за пластика и стакло во Дојран

Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2014 13:12

Добивај вести на Viber

Компанијата Пакомак продолжува со инвестиции во контејнери за комунален отпад ширум земјава, кои ќе овозможат селективно собирање на амбалажниот отпад, поголема хигиена и зачувување на животната средина. Така, општина Дојран токму пред почетокот на летната сезона и пристигнувањето на туристите доби нови 8 контејнери од 1.3м3 (4 за собирање пластична и 4 за стаклена амбалажа) - донација од Пакомак. Во изминатиот период беа донирани и 6 други контејнери за пластика од 240 л, што севкупно придонесува кон подобрување на комуналната инфраструктура во градот, и им се овозможува на граѓаните на општина Дојран, но и сите други посетители селективно да го одложуваат отпадот. „Во изминативе неколку години вложивме многу во подобрувањето на изгледот на градот, ги преуредивме плажите и ги реновиравме сместувачките капацитети, отворивме повеќе локали за забава, се со цел Дојран повторно да стане омилената туристичка дестинација на посетителите. Токму пред почетокот на сезоната на годишни одмори, кога во Дојран се очекува најголемата фреквенција на луѓе во годината, ги добивме овие контејнери кои ќе ни помогнат да го одлагаме селективно отпадот и да го одржиме градот чист. Екологијата и здравата животна средина се наш приоритет. Токму поради тоа и во иднина ќе правиме се што е во нашите можности да им го овозможиме селективното фрлање на отпад на граѓаните, но апелираме и до сите граѓани и посетители да се однесуваат еколошки одговорно се со цел Дојран да стане “зелен” град“, изјави Борче Стамов, градоначалник на Дојран. „И натаму продолжуваме со инвестиции во комунална инфраструктура во општината, како и во другите градови низ републикава. Во некои општини се уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање. Наша цел е во соработка со локалните самоуправи, на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат. Многу е важна и улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно во одделна кеса да ги собираат пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние места каде нив ги има. Со тоа сите ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почваˮ, изјави Филип Ивановски директор на Пакомак. Пакомак е најпосветениот колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава, преку чиј систем поминуваат околу 40.000 тони амбалажен отпад годишно, од кои дел се рециклира, во земјава или во странство, а дел трајно се одложува. Над 630 компании се членови во системот на Пакомак, и тоа пред се тоа се општествено одговорни деловни субјекти, кои покажуваат принципиелност во поглед на зачувувањето на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“