15 Мај, 2024
0.0281

ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД ДУРИ 99 МИЛИОНИ ЕВРА – ни требаат за изградба на гасоводната мрежа, ќе се враќаат во следните 15 години

Објавено во: Економија 13 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Македонија повторно се задолжува, а најновиот заем ќе го земе државната компанија „НОМАГАС АД Скопје“, за што државата е обврзана да издаде гаранција.

Номагас“ ќе се задолжи со заем во износ од 98.600.000 евра за финансирање на Проектот за регионална гасификација, а Европската банка за обнова и развој (ЕБО)Р го условува одобрувањето на заемот со издавање на гаранција од страна на државата.

-  Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу НОМАГАС АД Скопје и ЕБОР во износ од 98.600.000 евра, во рокови и услови предвидени во Договорот за заем, доколку НОМАГАС АД Скопје не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем – пишува во предлог законот доставен во Собранието.

Заемот се доделува во две транши и тоа првата транша е во износ од 66.344.000 евра, а втората транша е во износ од 32.256.000 евра. Рокот за отплата на двете транши од заемот е 15 години со вклучен грејс период од три години.

Двете транши од заемот ќе се отплаќаат во 24 полугодишни рати на 10 јуни и на 10 декември секоја година. Рокот на отплата на првата транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од склучување на Договорот за заем, додека рокот за отплата на втората транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од денот на достапноста за користење на втората транша.

Предлагачите, Министерството за финансии бараат законот да се донесе по скратена постапка.

Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 процент. Рокот на отплата на првата транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од склучување на Договорот за заем, додека рокот за отплата на втората транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од денот на достапноста за користење на втората транша.

-  Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост ќе и плаќа на Европската банка за обнова и развој провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 отсто од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства за првата транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на потпишувањето на Договорот за заем од член 1 од овој закон. Провизијата за неповлечени средства за втората транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на достапноста за користењето на втората транша – пишува во законот.

Предлагачите посочуваат дека проектот за регионална гасификација е од стратешко значење за Македонија. Со проектот е опфатен интерконекторот со Грција (66 км) и двете делници: делница Гостивар – Кичево (34 км) и делница Свети Николе – Велес (28 км).

-  Имплементацијата на проектот ќе придонесе кон обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните. Проектот е еден од најприоритетните проекти за Македонија, за регионот, како и за Енергетската Заедница и истиот е поддржан од сите релевантни европски институции. Европската инвестициона банка (ЕИБ) има обезбедено средства во износ од 28.900.000 евра за финансирање на проектот – се посочува во законот.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој