05 Декември, 2025
0.1954

ПРЕДИЗБОРИЕ: Експертите бараат контрола на задолжувањата!

Објавено во: Финансии 11 Јануари, 2016 08:22

Добивај вести на Viber

Во оваа изборна година задолжувањата на домашниот пазар треба да бидат во износ на раздолжувањата, а странските заеми строго наменски, укажуваат економистите. Дел од економистите сметаат дека во  предизборниот период, финансирањето на планираниот буџетски дефицит ќе значи и зголемување на домашното задолжување, но укажуваат таквата пракса да се избегне. Според календарот за аукции на државни хартии од вредност за првите шест месеци од годинава, само во предизборните месеци март и април се закажани девет аукции, а може да се забележи дека дел од нив не се проследени со раздолжувања.

- Ако аукцијата не е проследена со раздолжување во деновите по неа, тогаш ќе остане перцепцијата дека задолжувањата се интензивираат пред изборите, па дури и намерата на министерството да е сосем принципиелна, впечатокот во експертската јавност ќе биде сосем поинаков. Со цел да се зачува фискалната дисциплина и да се релативизираат перцепциите дека некои јавни трошења се во функција на легална предизборна корупција, сметам дека е клучно кај домашните задолжувања износот на позајмувањето да биде ист со износот што доспева за отплата во истиот период, додека странските задолжувања да бидат строго наменски, односно за конкретни проекти. По изборите, ќе видиме како ќе се менаџира со јавните финансии. Јасно е дека планираниот буџетски дефицит треба во дел да се финансира и со домашно задолжување и заради тоа, домашното задолжување ќе мора да расте, меѓутоа принципиелно во моменталниот контекст би било ако такво зголемување до изборите се избегне. Тоа ќе оневозможи да имаме дежаву на скоро целосно трошење на буџетскиот дефицит пред изборите, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Утре задолжување во износ од околу 15,5 милиони евра

За утре е закажана првата аукција на државни записи и обврзници во новата 2016-та година. Владата ќе побара од домашните кредитори скоро 15,5 милиони евра, а во износ на истата сума следниот ден доспеваат за раздолжување стари издадени хартии од вредност. Според објавените проспекти, околу 13 милиони евра ќе бидат позајмени преку државни записи со рок на доспевање од 6 месеци, односно 1 година. Останатите 2,4 милиони евра ќе се обезбедат преку државни обврзници, сума што ќе треба да се врати за 10, односно 15 години. До крајот на месецов се закажани уште две аукции, а заклучно со јуни следуваат уште 23 аукции. До средината на година по основ на издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност државата треба да врати над 491 милиони евра.

Неодамна дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, изјави досега немало толку многу аукции како во календарот за годинава, особено во предизборните месеци.

-Во изминатите години немало толку многу аукции како што се планирани за оваа година, што е доказ дека Владата очекува дека приходите ќе бидат многу помали од планираните. Има денови кога се закажани нови задолжувања, и покрај тоа што  ден потоа нема раздолжување. Според календарот само во 2 од 26 вторника (вторник е ден кога се одржуваат аукциите) не се предвидени задолжувања. Првиот вторник беше 5-ти јануари,  кога ниту законски не беше можно да има аукција и нареден вторник кој е пропуштен е 24-ти мај,  кој пак е неработен ден. Дури во јануари една аукција наместо во вторник е закажана за среда односно на 20-ти јануари, затоа што тој вторник е неработен ден. Во предизборните месеци се закажани аукции за скоро сите вторници, особено во март кога има 5 аукции. Апелираме, домашните банки  да се однесуваат како странските банки при емисијата на еврообврзницата лани и да бидат внимателни во однос на кредитирањето на дражавата. Ние како СДСМ остануваме на ставот дека сите нови задолжувања кои нема да одат со заеднички потпис помеѓу министерот и дополнителниот заменик министер, може да бидат оспорени. Исто така сметам дека врз овој план за аукции влијание ќе има и одлуката  на Управниот суд кој треба да одлучи по однос на тужбата што ја поднесовме за одлуката на стариот состав на ДИК за ветото за задолжувањата, но и можноста новиот состав на ДИК да ја преиспита одлуката на стариот состав, изјави  дополнителниот заменик министер за финансии Наумов.

Токму задолжувањата на домашниот пазар лани беа причина за сериозен конфликт помеѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, за што Наумов се обиде да стави вето доколку задолжувањата се поголеми од раздолжувањата, но барањето за вето беше одбиено од страна на стариот состав на ДИК, а СДСМ поднесе тужба до Уравниот суд.

Во меѓувреме странските банки веќе покажуваат внимателност во однос на кредитирањето на Македонија. Кон крајот на минатата година државата се задолжи со кредит од 39 милиони евра кај германската банка “КFW”, пари наменети за топлификација на Битола, а проектот ќе го реализира преку државната компанија ЕЛЕМ. Заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Ханс Хелге Сендер, на потпишувањето на договорот посочи дека парите ќе бидат префрлени директно на оној кој ќе ги изведува работите и само откако работата ќе биде завршена, а дополнително ќе има и меѓународен надзор. Сличен чекор направи и Светска банка, од каде што се чека кредит во износ од 25 милиони евра, наменет за подобрување на општинските услуги. Но бордот на директори на Светска банка за овој заем треба да одлучува деновиве.

Заклучно со третиот квратал од ланската година нивото на јавниот долг изнесува 3,9 милјарди евра или 43,9 отсто од бруто-домашниот производ. А според новата фискална стратегија, до 2018-та година јавниот долг ќе достигне 5,5 милјарди евра или 52,4 отсто од БДП.

Р.Ф

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката