04 Декември, 2024
0.0326

ПРЕДИЗБОРНИ ТРОШЕЊА: Стопени се 70 проценти од буџетскиот дефицит!

Објавено во: Финансии 27 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Од јануари до 19 ти март Владата потроши речиси 70% од планираниот буџетски дефицит за целата економска 2014 та година. Дали се повторува ланското сценарио, кога засилените трошења пред локалните избори на крајот резултираа со зголемен буџетски дефицит од 3,5% на 3,9%? Во новиот Предизборен извештај, Министерството за финансии посочува дека реализацијата на буџетот се одвива според планираното темпо. Од почетокот на годината до 19 ти март, вкупните приходи изнесуваат 457 154 471 евра а раходите расходите 664 861 788 евра. Буџетскиот минус изнесува 207,7 милиони евра. Приходи: Од глоби собрани 2,7 милиони евра! Од почетокот на годината до 19 ти март, во државната каса се слеале приходи во вредност од 457 милиони евра. Од нив најголем дел или скоро 407 милиони евра се по основ на даночни приходи и социјални придонеси. Од даночните приходи пак најголем дел од парите се обезбедени од наплата на домашните даноци на стоки и услуги, потоа од ДДВ и од акциза. Буџетските приливи по основ на ДДВ во анализираниот период изнесуваат 126,7 милиони евра За нешто повеќе од два ипол месеци државата од наплата на неданочни приходи (административни такси, такси во образованието и глоби) наплатила 37,2 милиони евра. Во оваа структура само од глобите во државната каса се слеале 2,6 милиони евра. Расходи: За капитални трошења 60 милиони евра!   Од почетокот на јануари до 19 т март од државниот буџет се потрошени 665 милиони евра. “Со ваквата реализација се обезбеди нормално функционирање на сите институции корисници на средствата од Буџетот и навремено сервисирање и исплата на сите законски обврски.“ – пишува во Предизборниот извештај на Министерство за финансии. За исплата на плати и надоместоци се потрошиле близу 93 милиони евра, пари со кои се исплатиле декемвриската, јануарската и февруарската плата за вработените што се буџетски корисници. За еден месец или од 14 ти февруари до 19 март споредбените податоци покажуваат дека има значаен пораст на расходите за стоки и услуги. Така, ако до 14 ти февруари за оваа намена биле потрошени 65 милиони евра, во периодот од 14 ти февруари до 19 ти март се потрошиле уште 64,4 милиони евра. Голем пораст има и кај исплатите по основ на субвенции, или за еден месец сумата се зголемила за 54 милиони евра. Еве за што и колку трошеше државата од почетокот на годината, па во предизборниот период, заклучно со 19 ти март: Субевнции и трансфери      86,1 милион евра Стоки и услуги                    130,4 милиони евра. - договорни услуги                70,4 милиони евра - патни и дневни раходи       2,6 милиони евра - комунални услуги               16,9 милиони евра Социјални бенефиции         219,4 милиони евра По основ на камати за користени кредити и за државни хартии од вредност од почетокот на годинава до 19 ти март државата исплатила 16,3 милиони евра. “Истовремено преку Министерството за труд и социјална политика навремено се вршеа исплати за субвенциите за народни кујни, заштитни организации и енергетска сиромаштија за кои се реализирани 233 милиони денари. Министерството за образование и наука реализираше расходи за ученички и студентски домови, стипендии и школарини во земјата и странство во износ од 271 милиони денари“ – пишува во извештајот на Министерството за финансии. Во анализираниот период, капиталните расходи изнесуваат 59,5 милиони евра, со што Министерство информира дека со овие пари се исплатени обврските на државните институции во согласност со склучените договори. “Од овој износ се исплатени средства за извршени работи на Коридорот 10, за изградба и реконструкција на школи, здравствени установи, спортски објекти, водоводи и канализации, технолошко индустриски развојни зони и др.“ – стои во Извештајот. Од сумата за капитални расходи, за исплата на ратите за новите автобуси и амбулантни возила се потрошиле 7,3 милиони евра. Буџетски дефицит Од почетокот на оваа економска година до 19 ти март буџетскиот дефицит изнесува 207, 7 милиони евра или скоро 70% од планираниот дефицит за целата економска 2014 та година, кој е проектиран на речиси 300 милиони евра. “Реализацијата на приходите и расходите на Буџетот на Република Македонија е согласно планираната динамика и истата непречено се одвива согласно ликвидноста на Буџетот. “ – констатира Министерството за финансии во Предизборниот извештај. Уште при објавување на првиот Извештај за предизборните трошења, бројките покажаа дека за месец и половина или од јануари до 14 февруари буџетскиот дефицит достигна 141 милион евра, по што дел од експертската јавност алармираше на претпазливост за да не се повтори ланското сценарио кога засилените трошења пред локалните избори го зголемија дфицитот од 3,5% на 3,9%. Неодамна и претставници на Меѓународниот Монетарен Фонд порачаа дека Владата треба да опстои на зацртаните буџетски позиции и дека и сегашниот дефицит треба да се консолидира. “Додека Буџетот е насочен кон забрзување на големи капитални трошоци, за железница, гасификација, болници, просторот за овие трошоци може да продолжи да биде ограничен од страна на зголемувањето на другите трошења. Буџетот за 2014 та година вклучува низ на нови тековни издатоци, меѓу кои е ад-хок растот на пензиите за 5 отсто, кој се проценува дека ќе чини 0,3% од БДП – се констатира во неодамнешната оценката бордот на директорите на ММФ. На стартот од оваа година и гувернерот Димитар Богов изјави дека веќе е време да одржува ниво на буџетски дефицит што нема да води кон натамошни задолжувања. Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра