Предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија бил премногу површен и без аргументи
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018 09:12
Станува збор за сите осомничени, обвинети и затворени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, насилство, учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Кривичниот законик и други кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи во Република Македонија,
- Со членот 1 се определуваат лицата кои се ослободуваат од кривично гонење, за кои се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор, а со ставот (2) се определува бришење на осудата и укинување на правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на сила на овој закон - се вели во предлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со ова власта јасно стави до знаење дека ќе го примени својот закон за селективна амнестија кој како предлог и во изготвувањето ќе го изготви пратеничката група на одметнати пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за уставните измени.
Нацрт законот за амнестија го изготвуваат пратеници под водство на Емилија Александрова и Фросина Ременски, а треба да биде поднесен некаде околу средината на декември.
Во Собранието сепак е закажана пленарна седница за пет дена, на која една од точките на дневниот ред е предлог законот за целосна амнестија за немилите настани за кој ќе треба да се изјаснат и пратениците.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




