ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила
Објавено во: Економија 20 Септември, 2024
Европската комисија (ЕК) и кинеската влада се договорија да ги интензивираат преговорите за да спречат дополнителни увозни давачки од ЕУ за електрични возила произведени во Кина, соопшти денеска ЕК.
Двете страни би можеле да го разгледаат и договорот за минималната цена, кој ЕУ претходно го отфрли, објави Ројтерс.
Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао денеска зборуваа додека земјите од ЕУ се подготвуваат да гласаат за царини до 35,3 отсто, покрај стандардните увозни царини на Европската унија од 10 отсто за автомобили.
ЕК изјави дека дискусијата за тарифите за електрични возила била „искрена и конструктивна“.
Домбровскис нагласи дека истрагата на ЕУ против кинеските субвенции за нејзините производители ќе продолжи и истакна дека таа е заснована на факти и е дизајнирана да овозможи конкуренција и еднакви услови за игра.
Тој додаде дека двете страни ја потврдиле волјата за интензивирање на преговорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение и се договориле да ги разгледаат ценовните обврски.
Домбровскис рече дека истрагата на Европската унија ќе продолжи.
Од друга страна, тој изрази загриженост за трговските истраги на Кина против увозот на ракија, свинско месо и млечни производи од ЕУ, што може да доведе до кинески царини, велејќи дека тие се неоправдани и засновани на сомнителни причини, пренесува Танјуг.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.