15 Декември, 2025
0.0612

ПРЕКРАСНА ПЛАЖА КОЈА ЗА МОМЕНТ СТАНУВА СМРТОНОСНА: Што не знаат туристите за местото каде се трага по третиот исчезнат Македонец во Грција

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2022 11:14

Добивај вести на Viber

Тројца македонски туристи исчезнаа во разбрануваното море кај Посиди на Халкидики, а двајца се спасени... По третото младо момче, уште се трага...

ТРЕТИОТ ИСЧЕЗНАТ МАКЕДОНЕЦ НЕ ЗНАЕ ДОБРО ДА ПЛИВА: А Иван беше дочекан со скандирања „браво момче“

Прекрасна, но крајно опасна плажа.

Тројца македонски туристи исчезнаа во разбрануваното море кај Посиди на Халкидики, а двајца се спасени.

Грчката телевизија Скај објави дека момчињата скокнале во водата откако го славеле роденденот на плажа. Вчера, по 18-часовна потрага, 30-годишен државјанин на Македонија бил спасен и пронајден од товарен брод кој пловел под знамето на Гибралтар, а неговата здравствена состојба е добра. Тој е префрлен во болница. Претходната вечер бил пронајден неговиот пријател, додека по третиот млад човек сѐ уште се трага.

Младите момчиња решиле да пливаат на плажата која мештаните ја избегнуваат, токму поради силните струи. Се работи за прекрасно место кое привлекува туристи поради својот рајски изглед - но крие голема опасност.

Фејсбук страницата на „Грчки кутак“ предупреди зошто треба да бидете особено внимателни во овој агол на Халкидики.

„Постара жителка на Каландра, веднаш до Посиди, го напиша следново: 

„Посиди (или Амоглоса - песочен јазик во превод) е точката што го поврзува Солунскиот залив со Егејското Море. Обликот на оваа плажа се менува поради плимата и осеката... Кога дува северен ветер, врвот (или Мити-нос, како што го нарекуваат Грците) се свртува кон Солунскиот залив, а кога дува јужен ветер се врти кон спротивната страна, кон местото Посиди. Во околината има силни струи, при сите временски услови. Постарите секогаш ни велеа дека никогаш не треба да пливаме на самиот врв на плажата Посиди бидејќи струите влечат како правосмукалка. Во последните години се случува токму спротивното. Многу туристи се капат без да обрнат внимание на струите. Секоја година некој настрадува токму тука“, објавија тие.


Уште поопасен, според Грчки кутак, е фактот што секоја година исчезнува знакот кој ги предупредува капачите за струи.

Инаку, Посиди ртот се наоѓа веднаш до Посиди (Касандра), 7 км од Скала Фурка и 9 км од Мола Калива. Плажата се наоѓа на крајниот западен рт Касандра. Поради плимата и осеката формата на оваа плажа се менува и секогаш е различна. Некогаш крајниот десен дел „тоне“ во морето и не се гледа, а понекогаш „излегува на површина“, но во поинаква форма од порано, пишува грчка инфо.

На истата локација се наведува дека силни морски струи и големи бранови може да се очекуваат на следните плажи: Рајска плажа на Тасос, Сарти на Ситонија, плажа Порто Кацики на Лефкада и плажа Миртос на Кефалонија. Внимавајте и на плажата Милош во Лефкада.

На друга Фејсбук страница на која се приложени и неколку фотки пак пишува:

„Погледнете колку далеку е пронајден вториот Македонец Иван од тројцата кои исчезнаа, на дури 25 километри од брегот. Ова кажува колку се силни струите во овој дел од морето. Имал среќа што струите го однеле до дел од морето каде минуваат големи бродови.

Грците на социјалните мрежи пишуваат за тоа колку е важно да се постават предупредувачки знаци на повеќе јазици, бидејќи мештаните знаат дека постои опасност од струи во оваа област, додека туристите не знаат.

На грчките портали пишува дека Иван ја држел топката во раце и дека тоа му помогнало да остане на површината на отворено море повеќе од 18 часа.


Фото: Фејсбук


Можеби ќе ве интересира

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија