16 Декември, 2025
0.0374

ТРЕТИОТ ИСЧЕЗНАТ МАКЕДОНЕЦ НЕ ЗНАЕ ДОБРО ДА ПЛИВА: А Иван беше дочекан со скандирања „браво момче“

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2022 15:29

Добивај вести на Viber

Растат стравувањата додека се трага по третиот македонски турист, бидејќи според информациите кои ги објавуваат грчките медиуми, не знае добро да плива.

Во текот на денот жив е извлечен по 18 часа 30-годишниот Иван кој бил лоциран во морската област југозападно од полуостровот Касандра од товарен брод под знамето на Гибралтар кој учествуваше во потрагата.

Импресивното нешто во случајот е дека Иван се наоѓал на 14 до 15 милји јужно од Касандра, но силните струи го влечеле кон Пелион, пишува in.gr.

Веќе е префрлен во Здравствениот дом Касандра и доколку се процени дека е неопходно ќе му биде укажана помош и во болницата Полигирос.

Според видеото што го објави thes.gr, Иван е во добра здравствена состојба, а луѓето на брегот го дочекаа со зборовите „браво момче“.

-Самиот иако страдаше, со хумор одговори дека ова е најубавиот роденден, пренесуваат медиумите во Грција.

Како што изјави, имал особена среќа бидејќи во морето нашол даска која му помогнала да плови толку многу часови. Во потрагата биле и неговиот татко и брат со волонтерскиот чамец на OFKATH.

Потрагата по 28-годишникот продолжува

Спасувачките екипи се уште трагаат по третиот млад човек на возраст од 28 години, кој наводно не е добар пливач, за разлика од вториот преживеан кој бил во многу добра физичка кондиција и е многу добар пливач.

Првиот кој беше спасен уште вчера од сурфер е на возраст од 25 години.

Пребарувањата во текот на ноќта беа прекинати поради временските услови со силен ветер на таа локација и продолжија веднаш на разденување.

Во операцијата учествуваат хеликоптер на воздухопловните сили, два брода на крајбрежната стража, два пловни брода, додека приватни чамци и спасувачи волонтери се во областа за да помогнат во потрагата.

Драмата почна да се одвива во саботата попладне, кога тројцата наши сограѓани го славеле роденденот на Иван. Младите нуркаа на плажата кај Митис Посеидиу, но морските струи ги однесоа. Капачите веднаш повикале крајбрежна стража. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење