Преку 60.000 капачињa беа употребени за спот за големата наградна игра на Скопско
Објавено во: Мои пари 19 Април, 2017 16:23
Маса долга над 35 метри, повеќе од 60.000 капачиња од пиво, над 50 члена екипа и стотина статисти е сликата што ја затекнавме на снимањето на новата реклама за Скопско во огромниот хангар на Пивара Скопје.
Импресивна глетка и возбудлива атмосфера следеше по повикот за акција од режисерот.
Стотина раце како на забрзана снимка ги редеа капачињата кои покажаа испис: Голема наградна игра на Скопско и број на телефон 14 33 7.
Со превртување на капачињата беа најавени возбудливите награди; камп возило Volkswagen California Beach RV и автомобил Volkswagen Polo, како и останатите награди што ќе бидат доделени.
Забавна глетка и супер искуство, барем за сите нас кои од страна го следевме снимањето. Навистина уживавме!
Во наградната игра може да се учествува со капачиња на Скопско, Скопско Смут и Скопско Радлер од 0.33 ли 0.5 л во стаклена амбалажа, кои на внатрешната страна имаат единствен код кој треба да се испрати на телефонскиот број 14 33 7, а цената на една СМС порака е 5,9 денари со ДДВ.
Наградната игра трае 8 недели, од 9 април до 4 јуни, со главно извлекување на 5 јуни. Секој час се извлекуваат добитници на СКОПСКО мултипак. Секој ден се извлекуваат добитници за пикник маса и сет за скара, а еднаш неделно се извлекува добитник на рачно фудбалче.

Сите потребни и дополнителни информации можете да ги најдете на веб страницата www.SKOPSKOZANAS.mk
Пивара Скопје го најави почетокот на големата наградна игра - СКОПСКО–За Нас! со 60.000 пивски капачиња.
Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




