20 Април, 2024
0.0295

ПРЕКУ АЛБАНИЈА, ЦРНА ГОРА ИЛИ СРБИЈА: Мистеријата се продлабочува-како без пасош Груевски стигна во Унгарија?

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена Никола Груевски соопшти дека се наоѓа во Унгарија, а уште не Е одгатната мистеријата како стигнал до таму. Најновата теорија е дека во Унгарија влегол преку Албанија, Црна Гора и Србија.

Екс премиерот, по кој се трага со меѓународна потерница бидејќи не се јави на издржување затворска казна на која е осуден претходно, поднел барање за политички азил во Будимпешта, потврдија унгарските власти.

Меѓутоа, Унгарија рече дека немала никаква улога во бегството на Груевски преку македонската граница и одбила да одговори како тој стигнал на нејзина територија.

Подгорскиот весник „Вијести“, меѓутоа тврди дека црногорската полиција потврдила дека Груевски од Албанија влегол на територија на Црна Гора, од каде истиот ден отишол во Србија, како и тоа дека му помогнале унгарски дипломати.

Груевски во Црна Гора влегол на 11 ноември во 19.19 часот, на граничниот премин Божај и тоа со помош на својата лична карта, рекол извор на „Вијести“.

Тој навел дека на системот на пребарување при неговото влегување во Црна Гора не се појавило никакво предупредување. Како што раскажал тој извор, Груевски во Црна Гора влегол со автомобил „фолксваген џет“ со регистарски таблици  CD 1023 и тоа во друштво на две лица кои имале дипломатски пасоши од Унгарија - Кулсар Антал и Варсалваи Шаба.

Меѓутоа, во Србија, според зборовите на тој извор, влегол во друг автомобил и друго друштво.

-Територијата на Црна Гора ја напуштил истиот ден, преку граничниот премин Добраково, во 22.16 ч. Во Србија влегол со автомобил кој имал регистарски таблици 55А05 во кој се наоѓале Часар Јосеф Золтан и Фелеџази Шаба. Двајцата се носители на дипломатски пасош на Унгарија - рекол соговорникот на горе спомнатиот медиум.

Како што пишува на официјалниот сајт на унгарката амбасада во Подгорица, Золтан е заменик амбасадор на Унгарија во Црна Гора, а Шаба е конзул.

Од Црногорската Управа на полицијата е кажано дека се испочитувани законските процедури во овој случај бидејќи во моментот кога Груевски влегол во Црна Гора, за него сеуште не била распишана потерница.

Албанската телевизија Топченел јави дека аналитичарите сметаат оти Унгарија, како земја на ЕУ , нема да може да го задржи Груевски поради притисок и дека можеби ќе мора да бара некое посигурно место, а тоа според нив, би можела да биде Русија.

Многмина шпекулираа за тоа како Груевски успеал да избега до Македонија кога му се одземени и личниот и дипломатскиот пасош.

Се знае дека државјани на Македонија може да влегуват во Сцрна Гора и Србија само со помош на лична карта.

Медиумите последните денови пишуваат дека Груевски во Унгарија стигнал користејќи лажен пасош, а се пишуваше и дека поседува бугарска патна исправа, но таа вест молскавично е демантирана од официјална Софија.

Претходно весникот „Политика“ наведе дека Груевски со авион одлетал од Албанија во Унгарија и тоа со лет на компанија „Малев“ од Тирана до Будимпешта.

Новинарот Владимир Петрески реагираше на оваа вест, нарекувајќи ја смешна бидејќи таа компанија не работи веќе подолг период.

Според официјално достапни податоци, компанијата „Малев“ не работи од 2012 година.

Дали Груевски воопшто е во Унгарија или и понатаму е во Албанија?

Во морето од шпекулации се појави уште една, а тоа е дека Никола Груевски е сеуште во Албанија, од каде ќе отпатува за Турција, која му ветила азил.

Дека Груевски е уште во Албанија, на територија на Влора-Саранда и дека синоќа требало да отпатува за Турција, јави 24њуз, а пренесе порталот ABCnjuz.al.

Како уште една можна дестинација на Груевски се споменува и Грузија.

Истрага за вмешаност на полицијата во бегството на Груевски

Портпаролот на владата Миле Бошњаковски кажа дека до министерството за правда на Унгарија овие денови ќе биде доставено барањето на Македонија за екстрадиција на избеганиот поранешен премиер.

Тој на прес конференцијата за новинари кажа дека е почнат процесот за екстрадиција на Груевски и дека се подготвува обемна документација, од околу 400 страници, кои ќе бидат преведени на унгарски и ќе им бидат доставени на Унгарските власти. Бошњаковски потврдил дека се утврдува начинот на кој пратеникот ја напуштил државата и кој му помогнал.

-Одделението за внатрешна контрола при МВР спроведува постапка за можна вмешаност на полицајци, а секторот за внатрешни работи на Скопје работи на утврдување на начинот на бекство и дали евентуално му помогнале луѓе од надвор-рече Бошњаковски.

Освен полицијата, и основото јавно обвинителство започна предистражна постапка за бекството на осудениот Никола во Унгарија.

-Во врска со тој настан постојат основни сомневања дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Македонија - соопшти обвинителството.

Киднапиран ли е Груевски?

Оваа верзија пак ја кажа премиерот Заев. Тој на прес конференцијата запраша дали Груевски избегал или пак можеби е киднапиран ќе покаже истрагата која е во тек.

Заев децидно кажа дека ќе направат се што е во домен на нивните можности Груевски да биде вратен во државата и да лежи затвор.

И додека почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ се крие сопартијците го осудија.

Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Владимир Пешевски, Сашо Мијалков, па дури и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го искритикуваа бегството на сопартиецот кој треба да издржи двегодишна затворска казна во Шутка. Дел од нив дури го повикаа да се врати назад бидејќи така дополнително ја усложнил постапката и за 27 април.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите