Објект кој инспирира, функционалност без ограничувања: Фактор во Премиум центар
Објавено во: Економија 31 Март, 2021
Повеќе е од вообичаена зграда, многу повеќе и од објект во кој може да се организираат и сместат канцеларии на компании. Анализа на пазарот на недвижнини во земјава покажа дека е можеби единствен деловен центар кој задоволува најмногу од клучните барања на клиентите, на современите компании, но и на архитектонската модерна практика. Премиум деловниот центар за кој експертите се согласуваат во мислењата за современите деловни единици и тоа на меѓународен план е врв на функционалноста, единствен по флексибилноста. Фактор затоа одлучи да направи анализа на карактеристиките на овој објект.
Не е во строгиот центар на главниот град и затоа не е оптоварен со неможноста да се најде паркинг и нужноста да се поминува гужвата. Но тоа можеби не е најголемата предност. Познавачите неатрактивноста на другите објекти ја лоцираа токму во нефункционалноста на самиот простор внатре – тоа не е случај со Премиум деловниот центар.
Тој ден беше малку постуден – кон зградата која се наоѓа во близина на хотелот Хилтон отидовме со автомобил. Од Центар се стасува за десетина минути, што значи дека сепак воопшто не е далеку. Патувавме претпладнето. Премиум деловниот центар има уникатен изглед – модерен.
Надворешноста го формира тоа првично чувство дека е објект кој припаѓа на најразвиените метрополи. Не е во набиена околина и нема можност во иднина да стане поради специфично поседуваната околина. Препознатлив е и влева сигурност. Внатрешноста сепак е посебната приказна и таа по која овој деловен центар се одвојува од другите.
Зградата е енергетски ефикасна и таа информација е важна за идните клиенти од аспект на калкулацијата на идните трошоци во центарот. Секако функционалноста е карактеризирана со многу други параметри. Премиум деловниот центар има шест ката, но дополнително и приземје со галерија. Подземно има три нивоа во гаражи со вкупно 130 паркинг места, а надвор простор за уште 60 возила.
Во гаражите се достапни полначи за електрични возила. Ова се информации кои „од прва“ значат доста. Останатата суштина е можноста за уредување на просторот по потреба на клиентот, што е предност единствена во земјава.
Од влезот кон спратовите се доаѓа преку убаво приземје кое е замислено како своевидна рецепција. Од двете страни има два салони. Веднаш е видлив убавиот ентериер кој овде е комплетиран.
На катовите се стасува преку ходник и со лифтови кои се ултра брзи. Секој кат поединечно има по 1.700 квадратни метри. Вкупната површина на целиот објект која може да се изнајми е околу 12.000 квадратни метри.
Влезот кон простoрот на секој кат практично води кон некоја од канцелариите. Кога бевме ние, дел од нив веќе беа зафатени, но празен простор има се уште. Секако има и мезанин на кој има две канцеларии од по 129 квадратни метри.
На кат во кој уште нема закупец практично се доловува целиот уникатен концепт. Влеговме - воодушевувачки е и импресивно. Катовите се пространи, тој отворен простор кој може сами да го уредувате комплетно е приказната која плени.
Висината на просторот е 2,8 метри, а катот има уреден спуштен плафон, простор за санитарии, електро соби и вертикална комуникација. Има доста прозори кои може да се отвораат.
Ѓорѓи Крајчев вели дека останале на ставот да има проток на воздух и решението да биде со прозори. Иако надворешните ѕидови речиси целите се во прозори, направени се од посебно стакло Schücko & Guardian кое е со најдобра соларна и звучна изолација досега.
„Внатрешниот простор нуди флексибилно уредување на работната средина, онака како што клиентот ја замислил. Со поставеноста на две јадра кои се идентични обезбеден е брз пристап до сите катови. Во секое јадро предвидени се санитарни и помошни простории.
Катовите се на располагање како отворен канцелариски – океански простор, со завршен под со теписон и спуштен плафон. Секој кат одделно поседува серверска и електро соба. Внатрешното уредување и поделба на поединечни канцеларии со гипс-картонски ѕидови е по желба на клиентот, вели Крајчев за Фактор.
На секој кат има посебен тоалет, но секоја компанија поединечно може да си направи си сопствен простор, дури и неколку тоалети за секоја фирма и канцеларија.
Во секоја фирма може да има сопствена кујна, а бројот на канцеларии може да биде по желба на клиентите. Тие може да го уредуваат просторот сами или да нарачаат план па да се изведе од самиот објект.
Архитектите кои веќе ги контактиравме тврдеа дека основна карактеристика на модерен функционален простор е тој да ја следи динамиката на нејзиното работење. Елена Икономов, магистер по архитектура од Платформа, компанија за архитектура и внатрешно уредување за Фактор изјави дека треба да се добијат неконвеционални работни места кои можат да го менуваат своето место, изгледот, при што веќе вема јасни граници меѓу класични канцеларии и јавен простор. Сето тоа ја зголемува ефикасноста на вработените и сето тоа го има во овој објект – во Премиум деловниот центар.
Крајчев објаснува дека објектот поседува
сопствена трафостаница марка ABB која е приклучена на среднонапонска мрежа на
дистрибутерот и со тоа е независен со напојување во мрежата. Како извор на греење и ладење на
објектот се користат топлински пумпи од марката Carrier, со користење на подземна
бунарска вода. Системот е четирицевен, со што се овозможува истовремено греење
и ладење на одделни простории по потреба.
На најгорниот кат има веќе опремена фитнес сала по примерот на вакви светски објекти.
Александра Томиќ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.