ПРЕПОЛОВЕН БРОЈОТ НА ОБВИНЕТИ: Кој досега се спаси од одговорност и доби амнестија за 27 април
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2019
Судскиот процес за 27 април е во завршна фаза а досега 18 лица остануваат обвинети за крвавиот четврток.
Од вкупно 33 обвинети за терористичко здружување 15 барања за амнестија прифати судот додека уште 18 остануваат да одговараат пред лицето на правдата.
Досега 50 сведоци беа сослушани за овој случај а во притвор остануваат екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции Душко Лазаров. Заедно со нив е и еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски и Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.
Судот ги одби барањата за амнестија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски .
Плус 30 дена притвор на стартот на новата година доби наследникот на Мијалков, Владимир Атанасовски кој беше посочен како организатор на овој инцидент а беше уапсен на 4 декември .
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.