ПРЕПОРАКИ ЗА СТРУМИЦА: Да бидат ослободени од работа трудниците, постарите од 60 години...
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2023
Многу високо загадување на воздухот има во Струмица, а Министерството за животна средина ги активираше препораките.
Струмица е најзагаден град во државата, а поради енормното аерозагадување претходните два дена, Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица.
Се препорачува сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.