16 Декември, 2025
0.2835

Преспанци мака мачат да најдат добри работници за берба на јаболка

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2017 07:43

Добивај вести на Viber

Последниве две години граѓаните на Ресен и Преспа кои поседуваат овоштарници со јаболка, мака мачат да најдат добри работници за берба на јаболка.

Интересот е слаб, и затоа се мобилизираат преку познаници, пријатели, преку работници кои веќе ги ангажирале да најдат доволно луѓе за работа. Ова го потврдува и Фросина Ѓоргиевска која во преспанско на повеќе локации има 3 хектари со јаболка.

„Потребни се млади луѓе, но може и сите оние кои се на возраст од 35 до 55, па и 60 години ако се работоспособни, затоа што освен што јаболката се берат, потребно е и да се товараат. Не е важно дали се мажи или жени, важно е да работат. Интересот е слаб, работници доволно нема, а оние кои се од Преспа имаат свои овоштарници и самите мора да работат. Порано доаѓаа работници од Мала Преспа од Албанија, но сега ги нема“ – објаснува таа.

Додава дека бербата е во септември,  а недела дена пред да почнат со бербата се ангажираат за пронаоѓање на работници. Оваа година Ѓоргиевска очекува дека до 10 јули ќе знаат каков ќе биде родот, а со тоа ќе имаат в предвид колку работници ќе им бидат потребни.

„Лани родот беше слаб поради лошите временски услови, а и оваа година може да се случи истото. Има производители кои бараат по 10 или 12 работници.  Ние ќе видиме колкав род ќе има , дали ќе ни бидат потребни работници, или сами ќе можеме да ја завршиме работата. Бербата може да трае од 15 па се до 60 дена, зависно од родот. Дневниците се 1000 денари, со ручек, а доколку се обезбеди и сместување за работникот тогаш цената се намалува и се движи од 600 до 800 денари“ – вели таа.

Ова е шанса за работа за сите граѓани кои сакаат да се вклучат во бербата на јаболка и солидно да заработат. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“