22 Ноември, 2024
0.0283

ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ПРАЌАТЕ ВО ЗАТВОР СИРОМАШНИТЕ ШТО ГО ПРЕКРШИЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС - невладините бараат итен закон за амнестија

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Сиромашните луѓе во земјава, како и оние што се во социјален ризик, што го прекршиле полицискиот час за време на пандемијата со коронавирусот, а кои не ги платиле големите парични казни кои им биле пропишани, веќе се викаат во затвор, односно да почнат да ја одлежуваат затворската казна која ја добиле бидејќи во соодветниот рок не ги намириле паричните казни. 

На ова реагира Хелсиншкиот комитет во земјава, заедно со Македонското здружение на млади правници, кои бараат итно да се донесе закон за амнестија за овие луѓе.

Нивните информации се дека 205 луѓе се веќе повикани да ја издржуваат казната затвор, а голем дел од нив, на пример оние што се бездомници, ниту ги примиле казните, ниоту знаат каде да се жалат. Дел од повиканите веќе и почнале да си ја одлежуваат својата затворска казна.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници, како што пишуваат на својката веб страница, апелираат итно да се донесе Законот за амнестија, кој особено е значаен за лицата од ранливите категории, а кои се осудени за кривичните дела од член 205 – „Пренесување заразна болест“ и член 206 – „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, во време на вонредната состојба поради пандемијата која беше прогласена на 18 март 2020 година.

„Во периодот по донесувањето на Одлуката за вонредна состојба за овие кривични дела беа изречени голем број на парични казни во износ помеѓу 1.000 и 2.000 евра. Согласно законските прописи, доколку во рок од 2 години паричните казни не се намират, судијата за извршување на санкции ги заменува со казна затвор и лицата кои немаат можност да ги платат ќе бидат упатени на издржување на казна затвор.

Здруженијата на граѓани кои обезбедуваат бесплатна правна помош во текот на својата работа нотираа голем број случаи на граѓани особено лица во социјален ризик, самохрани мајки, лица со попреченост, бездомници кои се соочуваат со затворски казни поради немање на средства да ги платат паричните казни. Голем дел од осудените лица не ги обжалиле пресудите од причина што не ги примиле или пак биле неуки во однос на нивното право да вложат приговор до надлежниот суд.

Неплатените парични казни веќе се заменуваат со затворски казни, а тоа најмногу ги засега лицата во социјален ризик кои немаат доволно финансиски средства за да ги намират паричните казни. Практично тоа значи дека една неплатена парична казна од 2.000 евра се заменува со 100 дена ефективна казна затвор“, се вели во реакцијата од Хелсиншкиот комитет.

Сите овие лица ќе влијаат врз зголемување на пренатрупаноста која секако ја има во поголемиот дел од затворите, а дополнително една од целите на казнувањето – ресоцијализацијата нема да биде исполнета, имајќи предвид дека лицата казната затвор би ја издржувале во нехумани и деградирачки услови нотирани во дел од установите од страна на Хелсиншкиот комитет и Македонското здружение на млади правници, како и од страна на CPT – Европски комитет за спречување на тортура и Народниот правобранител.

„Според статистичките податоци од почетокот на вонредната состојба до октомври 2022 година во Основниот кривичен суд Скопје имало 280 неплатени парични казни, кои биле заменети со казна затвор, а 205 осудени лица добиле упатни акти да издржуваат казна затвор. Овие податоци се само за регионот на Скопје, а бројот на лица на територијата на целата држава на кои паричните казни им биле заменети со ефективна казна затвор и добиле упатни акти за издржување на казна затвор е многу поголем.

Овој предлог закон предвидува на осудените лица кои се осудени со правосилна судска пресуда на парична казна за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, или паричната казна им е заменета со казна затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда, а оние лица кои започнале со исплаќање на паричната казна но не го платиле целиот износ, преостанатиот дел од паричната казна да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.

Оттука, донесувањето на овој предлог закон иако е задоцнето, со оглед на тоа што голем број на лица веќе започнаа со издржување на својата казна затвор, а некои дури и ја издржаа, сепак неговото донесување е неопходно и апелираме до Собранието тоа да го стори во најскор можен рок“, се вел.и во реакцијата од Хелсиншкиот комитет.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО