Престолнината на Венецуела оди во карантин
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Јули, 2020
Престолнината на Венецуела, Каракас, оди во карантин.
Тој ќе им се придружи на голем број градови низ светот, кои во последните денови воведоа рестриктивни мерки за да спречат ширење на коронавирусот.
Каракас и соседната држава Миранда ќе бидат ставени во карантин за борба против епидемијата на коронавирус, напиша на Твитер претседателот, Николас Мадуро.
Како што пренесува Би-Би-Си, Мадуро вели дека зголемиот број заразени е резултат на илегалниот влез на луѓе во земјата.
Според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс, во Венецуела има повеќе од 10.000 заразени и 96 смртни случаи, што е значително помалку отколку во другите земји од Латинска Америка, Перу и Бразил.
И Буенос Аирес е во карантин до 17 месецов. Тој има 14 милиони жители и од 1 јули е во карантин.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.