23 Јануари, 2025
0.0280

Пресврт во општина Струмица - ВМРО-ДПМНЕ го презеде мнозинството во советот

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во општина Струмица дојде до пресврт во советот каде има променето мнозинство во корист на ВМРО-ДПМНЕ, откако советникот Мето Витанов од ВМРО-Народна партија премина во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин СДСМ го загуби мнозинството во Советот на општина Струмица, соопшти денеска попладне советникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Пакетов. .

– Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општината. На последната седница се гласаше за дневен ред каде што немаше расположение од советничката група на СДСМ и ја блокираa работата на седницата и на комисијата зa мандатни прашања. Се потрудивме во интерес на граѓаните во коалиција со советникот од ВМРО-НП да го одблокираме работењето на Советот на Општина Струмица, рече Пакетов.

Тој поба итно да се одржи седница и да се избере нов претседател на Советот, како и нов градоначалник.

– Бараме итно да се свика седница на Советот со која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на советот. Ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица затоа што Зоран Заев нема легитимитет, не е веќе власт во Струмица, рече Пакетов.

Од СДСМ во Струмица до сега не излегле со коментар за овој пресврт. Избран градоначалник на Струмица беше претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој по парламентарните избори ссе повлече, а Советот назначи вд. градоначалник. Функцијата сега ја извршува Костадин Костадинов кој што беше заменик градоначалник.


Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција