Претседателот Иванов со честитка до новиот колега Трамп
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2017 15:50
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Доналд Трамп по повод стапувањето на должноста Претседател на Соединетите Американски Држави.
- Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам стапувањето на должноста 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави и да ви упатам најискрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција. Воедно, преземањето на должноста ви го честитам и во името на сите граѓани на Република Македонија, вели Иванов во честитката.
Иванов како и повеќето македонски политичари посакува продлабочување на соработката со САД под водството на Трамп и продолжување на пријателските односи.
- Длабоко сум уверен дека со вашето лидерство Соединетите Американски Држави ќе продолжат по патот на прогресот. Но верувам дека вашето лидерство e значајно и на глобален план, особено сега кога светот се соочува со бројни предизвици и кога повеќе од било кога е неопходно единство, заемно почитување и искрена соработка. Високо ги почитуваме вашите ставови и надворешно политички цели. Глобалниот поредок има потреба од јакнење на пријателството меѓу државите, без наметнување на интересите и со почитување на правото на избор на нациите во светот. Сакам да знаете дека во Република Македонија и во мене имате искрен пријател и поддржувач, вели претседателот Иванов во честитката до неговиот американски колега Трамп.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




