Претседателски избори во Хрватска, почна изборниот молк!
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2014 11:03
Хрватите утре излегуваат на избори во првиот круг на претседателските избори, а според истражувањето кое го направила независната агенција „Набљудувач“, во трката за лидер на најмладата членка на ЕУ, и покрај донеодамнешните оптимистички предвидувања, актуелниот претседател Иво Јоспиовиќ , ќе претрпи пораз.
Неговото место во наредните пет години, според аналзиите на „Набљудувач“, ќе го завземе противкандидатката, претставничката на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабер Китаровиќ. Во тој случај земјата на поранешната Југославија прв пат во историјата би ја водела жена, а Јосповиќ, како некогаш најпопуларниот политичар, целосно би „Потонал“.
НЕИЗВЕСНА КАРИРЕА
Резултатите на анкетата покажуваат дека Јосиповиќ во моментот го поддржуваат 37,1 одсто од граѓаните, додека за Грабер Китаровиќ во првиот круг би гласале 38,7 одсто. Таквите прогнози ги претстави и политикологот од Загреб Давор Ѓенеро, кој рекол дека Јосиповиќ мора да победи во првиот круг доколку сака да го освои вториот мандат по ред.
-Јосиповиќ нема потенцијален резервоар на гласови за вториот круг. Поддршката која ќе ја освои во првиот круг е најголема која тој воопшто може да ја освои. Со евентуален пораз актуелниот шеф на државата би ја запечатил својата политичка кариера - нагласил Ѓенеро.
Според неговите зборови, Грабар не може да смета на гласачитена кандидатот на Живиот ѕид Иван Вилибор Синчиќ, а доколку има втор круг, гласовите на Милан Кујунџиќ, кандидатот на Сојузот за Хрватска, ќе се пренасочат кон кандидатката на ХДЗ.
НЕРВОЗЕН ВО ДЕБАТА
-Телевизиските дебати на четворицата кандидати јасно покажале дека Јосиповиќ е многу загрижен. Ако триумфира, тој коалицијата на власт на која припаѓа ќе ја купи за извесен период. Тоа би овозможило опстанок на владата на Зоран Милановиќ до есента 2015 и до некои мерки би го ублажил процесот на распаѓање на коалицијата. Од друга страна, поразот на Јосиповиќ би ја забрзал ерозијата на коалицијата-објаснил Ѓенеро.
Инаку, според анализите кои идат во корист на Јосповиќ, тој во првиот круг би можел да освои околу 45 одсто од гласовите, а Гарбар Китаровиќ околу 35 одсто.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата





