Добивај вести на Viber
Министерството за транспорт и врски за прв пат додели електронски картички за превоз на опасни мкатерии. Од сега како што информираат од Министерството
, стручната оспособеност на превозниците на опасни материи во домашниот и во меѓународниот патен сообраќај ќе се потврдува со овие картички.
Користењето електронски картички како што појасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е врз основа на препораките на Европската спогодба за меѓународен патен превоз на опасни материи - АДР, чиј потписник е Македонија.
Картичката согласно Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај е задолжителна за превозниците кои вршат внатрешен или меѓународен превоз на опасни материи. При нивната изработка се запазени сите меѓународни пропишани стандарди и имаат ист формат како и европските национални возачки дозволи. Новите сертификати покрај чипот на самата картичка дополнително имаат ултравиолетов текст поради високо ниво на заштита, како и специфични ознаки.
Според министерот Јанакиески, со воведување електронски картички за превоз на опасни материи целосно се исклучува можноста за користење такви фалсификувани сертификати како што имало случаи со досегашните што се во хартиена форма. Превозниците што веќе извадиле сертификат во хартиена форма ќе можат да ги заменат со електронска картичка по истекот на важноста.
Република Македонија е прва држава во регионот што воведува електронски картички за превоз на опасни материи.