21 Мај, 2024
0.0290

ПРЕЖИВЕЈАА ВО СИБИР: Брачен пар и побегна на смртта и на -50 степени

Објавено во: Свет 28 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Брачен пар по два дена голгота во Сибир, откако се изгубиле успејале да се спасат. 

45-годишната Наталија Протодјаконова и 36-годишниот Николај Кобров се родени на Сибир и се припадници на етничката заедница Јукагир.  Тие се навикнати на студ и на екстремни температури на Сибир, но она што им се случило на почетокот на месецот, не можеле да го предвидат. 

На пат кон дома од продавница во градот оддалечен на 140 километри ги изгубиле сопатниците, па сите купени производи, па на крајот им се расипале моторните санки. Било -50, а поради ветерот се чинело дека е 15 степени постудено. Се обиделе да контактираат со семејството и пријателите, а потоа мобилниот им замрзнал. 

„Моторот на нашата санка престана да работи и стануваше тивко. Немаше ни светла ни звук од останатите возила. Прво го проверивме филтерот на моторот и дополнивме гориво, но моторот не се палеше. Додека се обидувавме да утврдиме што се случило, ги потрошивме сите кибрити. Се јавувавме кај семејството во Јукагир да им кажеме дека сме загубени. Баравме да ни пратат други санки, да тргнат кон нас, иако поголеми ни беа шансите да не пронајдат возачите на санките кои тргнаа со нас. Беше премногу студено. Да бевме во шума ќе беше друго, бидејќи ќе имавме барем некаква заштита, но околу нас имаше само мраз и снег. Се возевме на брегот на Лаптевското море. Беше многу студено и бев уморна. Само сакав да легнам и да заспијам, но сопругот не ми дозволуваше"- вели Наталија.

Раскажува дека плачеле, биле гладни и цело време мислеле дека ќе наидат спасувачите. 

Единствено што им давало сила е дека не сакале да умрат и нивните деца да бидат сираци. 

„Ги затворив очите и ги видов нашите четири деца, дури и слушав гласови. Мојот сопруг беше покрај мене и помислив дека крајот не е страшен како што го замислувавме. Мислев дека сонувам кога го видов лицето на мојот брат Николај. Дури кога пристигнавме во Нижнејанск сфатив дека е вистинско чудо што двајцата преживеавме"- додава жената. 

Оваа брачна двојка имала четири деца. 

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

ПРСТ КОН МАКРОН: Французите се единствените западни сојузници кои го поддржаа барањето на Хаг за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху

ПРСТ КОН МАКРОН: Французите се единствените западни сојузници кои го поддржаа барањето на Хаг за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

Е ОВА Е КОМПАНИЈА КАДЕ ВРЕДИ ДА СЕ РАБОТИ: Ги наградува вработените со бонуси од осум месечни плати

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ЕВЕ ШТО КАЖА НЕТАНЈАХУ ЗА НАЛОГОТ ЗА АПСЕЊЕ: „Нема да ме спречи“

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

ИРНА: Техничка неисправност предизвика пад на хеликоптерот во кој загина Раиси

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

МОЛАТ ЗА МИЛОСТ! Тројца Американци во Конго обвинети дека работат ЦИА: Уапсени по неуспешниот пуч (ВИДЕО)

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц