29 Јуни, 2024
0.0294

Приходите и на богатите и на сиромашните се намалени, но јазот меѓу нив се продлабочува!

Објавено во: Економија 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Минатата година сиромашните и богатите домаќинства располагале со помали приходи во однос на претходната 2013-та година, покажува најновата Анкета на Државниот завод за статистика насловена како Потрошувачка на домаќинства 2014. Податоците од Анкетата покажуваат дека лани најсиромашното семејство живеело со 89 евра месечно, а најбогатото со 1.156 евра, односно 10 отсто од најсиромашните домаќинства во просек имаат годишни приходи од 1.070 евра, додека просечниот годишен приход на најбогатите изнесувал 13.881 евра. Споредено со 2013 -та година просечните годишни приходи на најсиромашните се намалиле за 103 евра, а на богатите за 1.619 евра. Во анализата се опфатени домаќинства со членови во работен однос, земјоделски домаќинства, мешовити, домаќинства со самовработени и со издржувани членови, а поделени се во 10 групи формирано во зависност од висината на расположливите приходи кои ги заработуваат на годишно ниво. По категории, најсиромашните граѓани просечно годишно трошеле по 917 евра за основни потреби, а најбогатите домаќинства 21.325 евра. Според податоците за храна и безалкохолни пијалоци сиромашните домаќинства годишно трошеле 746 евра што е помалку во однос на претходната 2013-та година кога трошеле 777 евра. За истата намена богатите лани потрошиле 4.186 евра што е приближно колку и во 2013-та година. За здравствени потреби богатите лани од буџетот издвоиле речиси 600 евра, додека сиромашните 32 евра. Разликата во трошоците е присутна кај издатоците за сите животни потреби. Па така, лани сиромашните домаќинства годишно за превоз потрошиле нешто повеќе од пет евра, наспроти богатите кои за истата намена издоиле 1.214 евра. За рекреација и култура сиромашните семејства годишно издвоиле само околу две евра, додека богатите 1.535 евра. Минатата година богатите домаќинства во просег заштедувале по 700 евра, додека сиромашните успеале за цела година да заштедат само 3 евра.Овие податоци покажуваат дека јазот помеѓу богатите и сиромашните продолжува да се продлабочува. Само 4,4 отсто се изјасниле дека со приходите можат да ги покријат трошоците Во споредба со 2013-та година, лани е намален процентот на граѓани кои сметаат дека со приходите можат да ги покријат трошоците. Така, од анкетираните граѓани само 4,4 отсто се изјасниле дека со месечните приходи успеваат да ги покријат домашните потреби, 38 отсто сметаат дека со приходите главно ги задоволуваат животните потреби, додека повеќе 57,5 отсто се изјасниле дека главно или целосно не ги покриваат домашните потреби со месечните приходи. Ниту еден од анкетираните граѓани не се изјасниле дека состојбата во споредба со 2013-та е многу подобрена, само 6 отсто сметаат дека малку се подобрила, 48,1 дека е непроменета, а 45,9 отсто од анкетираните се изјасниле дека состојбата е малку или многу полоша. Најголем процент од граѓаните или 48.8 отсто сметаат дека нормално можат да живеат со околу 487 евра, 30 отсто сметаат дека им се потребни 374 евра.Лани само 8 проценти од граѓаните се изјасниле дека можат да направат промена на мебелот во домот, 28,7 отсто можеле да си дозволат годишен одмор а 44,7 отсто се изјасниле дека можат да си дозволат јадење со месо или риба секој втор ден. Според расположливите приходи, 25,2 отсто од анкетираните сметаат дека можат да отплаќаат кредит или позајмици, а само 12,4 отсто сметаат дека со приходите би можеле да плаќаат закупнина за стан. Стапката на сиромаштија намалена но дали се чувствува на терен? Статистиката покажува дека сиромаштијата во 2013-та година се намалила за 2 процентни поени. Според т.н Лаекен индикатор на Државниот завод за статистика, во 2013-та година стапката на сиромаштија изнесувала 24,2 проценти, а во 2012-та била 26,2 проценти. Во апсолутна бројка, пред две години 500.400 луѓе живееле на прагот на сиромаштијата, а претходната 2012-оваа бројка била 540.000 луѓе. Ако се направи споредба со вкупното население кое според пописот од 2002 година е нешто повеќе од  две милиони жители, тогаш повторно се добива резултатот, дека една четвртина од населението во земјава живее во сиромаштија. Статистичката Анализа за лаекен индикаторите е изработена врз основа на висината на приходите на населението. Сепак според аналитичарите, укажуваат дека намалувањето на стапката на сиромаштија не се чувствува на терен. И Лакен индикаторите покажуваат дека јазот меѓу богатите и сиромаштите е сеуште голем. Така според податоците коефицинтот Gini, односно мерката за нееднаквост во распределбата на приходите во 2013-та година изнесувал 37 отсто, односно бележи минимален пад од 1,8 процентни поени во однос на 2012-та година. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба