Добивај вести на Viber
Платите и пензиите во Грција за само една година паднаа за 18%, а данокот се зголеми за 52 проценти. Според Министерството за финансии, од 4,8 милиони вработени и пензионери, пријавиле приход во 2011 година во просек по 14.640 евра годишно или за 17,8 проценти помалку во однос на претходната година.
Истовремено просечното оданчување пораснало за 52 проценти, од 1091 до 1654 евра на годишно ниво, што директно удира по платите и пензиитеанализираат економистите. Речиси една четвртина од даночните обврзници (1,1 милиони евра) пријавиле годишен приход од помалку од 6.000 евра - која е под "линијата на сиромаштија", која се пресметува во 7178 годишен приход за едно лице.
Ситуацијата е уште полошо за самовработените во Грција кои се висок процент на работна сила. Нивното намалување на приходите беше 38,48 отсто, на просечно 19.880 евра годишно.
Даночните обврзници Грција, околу 11 милиони луѓе, сега ќе ги пријавуваат приходите за изминатата 2012 година и тоа за првпат даночни пријави ќе мора да се поднесуваат само "онлајн" преку Интернет. Процесот го следат бројни технички проблеми, па се претпоставува дека крајниот рок за поднесување ќе бидат поместен кон крајот на летото.