16 Декември, 2025
0.0968

ПРИЛЕПСКА БОЛНИЦА ИСПЛАЌАЛА ПАРИ БЕЗ ЕВИДЕНЦИЈА И БЕЗ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТА - ревизорите открија и доктори без лиценци

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2025 08:06

Добивај вести на Viber

Над 647 илјади евра исплатена за дежурства без согласност од Министерството за здравство.  Скоро 50 илјади евра за немедицински кадар за дежурства спротивно на Законот за здравствена заштита, а повеќе од 28 илјади евра за прекувремена работа за 101 лице, исто така без одобрување. Дополнително скоро 4 илјади евра платени на лица без договор и без доказ зошто им се префрлени пари. Ова се само дел од забелешките на Државниот завод за ревизија за работењето на Прилепската болница „Борка Талески“.

Како што пишува во извештајот во делот за плати и надоместоци болницата потрошила 8,6 милиони евра и тоа за редовна плата на вработените и исплата на надоместоци за дежурство, прекувремена работа, приправност...

Ревизорите посочуваат оти со увидот во евиденцијата на работното време, пресметката и исплатата на плати и надоместоци утврдиле дека системот за електронска евиденција на работно време не се применува од сите, а податоците од него не се основ за пресметка и исплата на плата- спротивно на законите.

-  Пресметката и исплатата на плата и надоместоци е врз основа на рачна месечна евиденција изготвена од раководителите на одделите, која не се одобрува од одговорното лице. Во отсуство на електронска евиденција на работно време, не може да се потврди дека исплатата на платата се врши за реално изработени работни часови/присуство на работа. Исплатени се 39.818 илјади денари по основ на дежурства на вработени во Болницата, без согласност од Министерството предвидено со Законот за здравствената заштита. На немедицински кадар се исплатени 3.068 илјади денари, што не е во согласност со Законот за здравствената заштита со кој е уредено дека право на додаток на плата по основ на дежурство имаат само здравствени работници– напоменуваат ревизорите.

Појаснуваат дека иако во 2025 година за организирање на работата во дежурства побарана е согласност од Министерството, но до денот на ревизијата не е добиен одговор, а средствата за прекувремена работа се распоредени.

-  Исплатени се 1.756 илјади денари за прекувремена работа на 101 лице вработени во Болницата при што не е испочитуван Законот за работните односи со кој е уредена должината на прекувремената работа и обврска на работодавачот за известување на државниот инспектор на трудот. Исплатата на прекувремената работа не се врши по претходна одлука од одговорното лице, туку на крајот на месец по поднесени листи од раководителите. За десет вработени исплатени се 725 илјади денари за прекувремена работа над 190 часови во годината, што го надминува законски дозволениот максимум, а не е доставено известување до Државен инспекторат на трудот – укажуваат од ДЗР.

Исто така е утврдено дека иако во Болницата е воведена активна и пасивна приправност, овој облик на работа не е уреден со општ акт со кој дополнително ќе се определи и најдолгото прифатливо време за доаѓање на работното место во случај на ангажиран повик (готовност).

Дополнително, во периодот на ревизија кај 34 доктори, во персоналните досиеја не се приложени лиценци чие поседување е услов за стекнување на статус на редовно вработено лице и давање на здравствени услуги.

-  Утврдените состојби укажуваат на субјективно определување на должината на работното време и висината на надоместоците кои ќе се исплатат за определени вработени, нецелосно уредување на правата и обврските помеѓу работодавачот и вработените, несоодветна исплата на плата и надоместоци на плата – предупредуваат ревизорите.

Воедно утврдиле неправилности и кај хонорарците ангажирани во болницата. Во текот на 2024 година со договор на дело ангажирани се 131 лице (здравствени работници и помошно технички персонал) за што исплатени се 41.987 илјади денари.

-  Со увидотутврдивме оти во договорите не е определен надоместокот кој ќе му се исплаќа на вршителот на работите. Вопоединечните договори е предвидено извршената работа да се исплатува согласно Колективниот договор за здравствена дејност за соодветното работно место. Поради тоа, на ангажираните лица им е исплатена плата и надоместоци на плата ноќен труд, работа во празник, работа во недела, сменска работа и дежурства согласно коефициенти во Колективниот договор. Состојбата доведува до нерационално користење на јавните средства и не е во согласност со Колективниот договор во кој е уредено дека се однесува само на правата и обврските на работниците од редовен работен однос– нагласуваат ревизорите.

Тие исто така посочуваат дека во текот на 2024 година исплатени се 240 илјади денари или скоро 4 илјади евра на две лица за кои на ревизорите не им е доставен доказ за видот на работите или услугите за кои се ангажирани, ниту пак со истите е склучен договор кој би ги оправдал исплатите.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“