Прилепските можности за инвестирање пред стопанственици во Истанбул
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2013
Делегација на општина Прилеп, заедно со стопанска делегација од овој регион, е во дводневна работна посета на Турција.
Целта на посетата е промоцијата на Прилеп како потенцијално место за инвестирање. Пред турските бизнисмени промовирани се индустриските зони во Прилеп, како и технолошко-индустриско развојната зона во Алинци, каде има локации за странските бизнисмени.
Од прилепската локална самоуправа посочуваат дека потенцијалните инвеститори ќе имаат соодветни услови, инфраструктурни и трговски, за да ги прошират своите бизнис планови.