05 Декември, 2025
0.0586

Припојување кон Еуростандард, или продажба на Поштенска банка, можни се и двете варијанти!

Објавено во: Финансии 02 Февруари, 2014 09:45

Добивај вести на Viber

Убеден сум дека малите банки се неопходност на македонскиот банскарски пазар, бидејќи по вокација се многу поадаптивни и побрзи во услугите кои ги вршат за своите клиенти, вели за Фактор Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка. Тој потенцира дека е можно припојување на Поштенска кон Еуростандард, а можна е и продажба ако има купувач. Фактор Господине Костовски, откако Еуростандард банка стана целосен сопственик на Поштенска банка, какви се Вашите планови околу двете банки, дали намерата е тие да се спојат и од нив да се направи силна банка, дали можеби ќе се продаваат, или постои некоја трета идеја? Костовски Од 24 јануари Еуростандард дефинитивно е 100 отсто сопственик на Поштенска банка. Во врска со плановите околу двете банки, во најблизок период ќе се направи Генерално собрание на Еуростандард и ќе одлучува Надзорниот одбор за иднината на овие две банки. Првата алтернатива е припојување на Поштенска кон Еуростандард банка. И втората е секако нејзино продавање, доколку би се појавил заинтересиран купувач. Во секој случај, најбитно е што денеска и во двете банки, за нивната иднина одлучуваат самите акционери. За сите детали ќе бидете известени понатаму. Фактор Што се случи со Златната акција која ја поседуваше Владата во Поштенска банка? Костовски Со купување на 33,33 отсто акции на Владата, златанта акција се губи и нема никакво значење. Фактор Дали сметате дека е коректна сумата од околу 4,3 милиони евра што Еуростандард банка ја плати за 33,33 отсто, односно за државниот удел во Поштенска банка? Костовски Кога двете страни ќе се најдат на тендерот во кој што едниот продава, другиот купува, сметам дека сумата е реална. Фактор Дали сметате дека малите банки може да се пробијат на македонскиот банкарски пазар, со оглед што дел од нив работат со загуби? Костовски Убеден сум дека малите банки се неопходност на македонскиот банскарски пазар, бидејќи по вокација се многу поадаптивни и побрзи во услугите кои ги вршат за своите клиенти. Со еден збор, процедурите на одлучување се многу побрзи. Додека загубата или добивката е прашање кое што зависи од политиката која ја води банката. Фактор Гувернерот Димитар Богов од поодамна препорачува дека е најдобро малите банки да размислуваат за спојување или за продажба на поголеми банки. Би ни откриле ли дали имате разговори на оваа тема со некои други банки? Костовски Препораката на гувернерот Богов од наша страна е поддржана и убеден сум дека со создавање на посилни банки, ќе го зголемиме нашето кредитно портфолио. Ние како систем сме подготвени и размислуваме во поглед на зголемување на портфолиото на банката, со учество на странски банкарски капитал. Сакам да појаснам дека и доколку дојде до спојување на двете банки, Еуростандард веќе го преминува прагот на мали банки и станува средна банка. Разговори се водат со силни светски институции за нивно влегување во нашиот финансиски систем, а тоа се банкарскиот и осигурителниот систем.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката