ПРИРОДИОТ ИМУНИТЕТ Е ДОМИНАНТЕН ВО ОДНОС НА ВАКЦИНАЛНИОТ: Професорот Пановски ги повика релевантните да „гукнат нешто“ јавно
Објавено во: Македонија 28 Август, 2021 13:47
Професорот Никола Пановски, во неговиот последен пост на
Фејсбук уште еднаш гласно порачува дека природно стекнатиот имунитет од
прележување на болеста предизвикана од корона вирусот е значително посилен во однос на
вакциналниот. Вели дека сите сме
сведоци дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини
како Фајзер, ја губат заштитата.
-Се уште не е направена штетата, дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат. До кога ќе молчите колеги, 45 дена мерка нема никаде во светот, не е точно дека е препорака од СЗО, тие само велат дека месец дена минимум треба да помине.
Целта на постот и прикачената студија е дека природно стекнатиот имунитет спрема ковид е доминантен во однос на вакциналниот. Живееме во држава која воопшто не го признава природно стекнатиот имунитет и како таква е единствена во светот. Целта на постот е да ги разбуди заспаните професори, факултети, комори, МАНИ и специјалистички здруженија да гукнат нешто јавно. Доста ми се тапкање по рамо и шепотења "браво ама им го кажа". Вие треба да им го кажате, порачува професорот Пановски.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




