19 Декември, 2025
0.0729

Прислушкувањето намалено за една третина

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 11:46

Добивај вести на Viber

Во новообјавениот извештај на Јавното обвинителство за 2017-та Забележливо е дека примената на посебните истражни мерки во 2017 година има тренд на намалување во однос на 2016 година, и тоа 29% кај бројот на случаите и 22% кај бројот на лицата кои биле опфатени со мерките.

Според извештајот, мерката „Следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации во постапка утврдена со посебен закон“ била употребена во 32 случаи.

Мерката „Увид во остварени телефонски и други електронски комуникации“ била употребена во 30 случаи.

Мерката  „Тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен“ била употребена во 14 случаи.

Во 3 случаи била употребена мерката „Симулирано давање и примање поткуп“, додека пак во 2 случаи била употребена мерката „Користење на лица со прикриен идентитет за снимање, следење и собирање на информации или податоци и инфилтрирање во организирани криминални групи“.

Мерките „Следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории заради создавање на услови за следење на комуникации“, „Симулиран откуп на предмети“ и „Таен увид и пребарување во компјутерски систем“ биле  применети во 1 случај.

Мерките  „Автоматско, или на друг начин, пребарување и споредување на личните податоци“ и „Отворање симулирана банкарска сметка“ не биле употребени во ниту еден случај, а истото се однесува и за мерката „Симулирано регистрирање на правни лица или користење на постојни правни лица за собирање на податоци и создавање услови за инфилтрирање“.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене името Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене името Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица