27 Декември, 2024
0.1211

Приватните превозници рано утрово ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Рано утрово приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ ќе ја блокира крстосницата кај Мавровка во Скопје со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица во протестот против Град Скопје. Како што најавуваат од таму, од 7 наутро до вечер автобусите ќе бидат паркирани на оваа крстосница. 

Времетраењето на протестот каде што се разминуваат булеварите „Гоце Делчев“ и „крсте Петков Мисироков“ не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, најавуваат од „Слобода превоз“.

Од здружението најавуваат и средба со Управниот одбор на ЈСП и присуство на седницата на Советот на Град Скопје за да дознаат, како што велат, каде завршиле нивните пари.

– На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата, тврдат од „Слобода превоз“.

Од Град Скопје остануваат на ставот дека проблемот ќе се реши со објавување на оглас на кој секој кој што сака да врши јавен превоз ќе може да се пријави. Најавија вклучување на дополнителен број автобуси од ЈСП со што ќе го ублажат бојкотот од приватниците.

Од Слобода превоз најавија правна битка со Град Скопје и ќе бараат одговорност за клеветите кои ги упатила кон нив градоначалничката. Град Скопје им должи над милион и пол евра на приватните превозници, кои цела недела во знак на револт се исклучија од градските линии. Арсовска по ова ги обвини за криминал, рече дека наплаќале билети без да ги пријават и не прифати средба со нив.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор