Приватните телевизии се солидаризираа со државната
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2013
Како знак на солидарност со отпуштените работници на државната радиотелевизија ЕРТ, кои цел месец седат во зградата и емитуваат вести преку интернет, вработените во приватните грчки телевизии прогласија 24-часовен штрајк. Планираат едно деноноќие да нема програма во живо, туку само забавни емисии и филмови.
Инаку штрајкот се совпаѓа со расправата во Парламентот за предлог-законот за нова државна радиотелевизија на местото на ЕРТ. Пратениците вчера ги отфрлија опозициските предлози за формирање комисија што ќе провери колку е легално затворањето на ЕРТ.
Сепак Панделис Капсис , заменик-министер за култура изјави дека за неколку дена ќе биде објавен конкурс за првите 500 работни места во новиот медиум каде што ќе влезат 2.000 вработени.
Вработените од ЕРТ обвинија дека Владата се служи со притисок и закани и побараа измени во законот и исплата на отштета. Тие сеуште остануваат во зградата на ЕРТ.