28 Март, 2025
0.0330

Приведен Ејуп Рустеми, екс директорот на „Државни патишта“, за управителот на „2СС“ се бара притвор

Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 14:48

Добивај вести на Viber

По спроведена полициска акција во селото Џепчиште, Тетово, е приведен поранешниот директор ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, како што објавуваат медиумите на албански јазик, со уште двајца негови соработници, поради злоупотреби со сомнителен тендер. Уапсен е и директорот на агенцијата за обезбедување „2СС“, Џемал Билбиловски, за кого Основното јавно обвинителство објави дека се бара притвор.

Освен поранешниот директор на АД „Пошта“ и ЈП „Државни патишта“, уапсен бил и Дрилон Зибери, раководител на одделението за плаќање и контрола на уплатни места, и Ејуп Латифи, помошник директор за одржување на патиштата. За нив се предложени мерки за претпазливост.

Фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта, наместо три смени, вршела обзебедување смао во една смена, но затоа ја наплаќала целосната сума од тендерот.

„Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 08.08.2022 година со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување  24/7  на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена,  а  на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување  за целиот период на договорот се до неговото раскинување.

Тогашниот директор на јавното претпријатие бил должен да се грижи за законитоста во работата и примената на прописите, статутот и другите акти, како и да врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите, но не ја извршил таа должност и го пропуштил должниот надзор над носителот на јавната набавка иако знаел дека физичкото обезбедување се врши само делумно.

Двајца осомничени раководители на одделение за наплата на патарини и контрола, исто така имале задолжение да го следат договорот и неговото исполнување, да вршат контрола во извршувањето, одобрување на работни налози за извршување на услугата, испратници, следење на квалитетот на извршените услуги и проверка на доспеаните фактури, како и да изготвуваат извештаи дали договор е целосно реализиран. Таквите контроли не ги вршеле во целост и иако знаеле дека обезбедувањето се извршува само делумно најчесто во прва смена, ги потпишувале  барањата за одобрение за плаќање.

Вториот потписник на договорот бил запознаен со бараната спецификација, но и покрај тоа ги одобрувал барањата и одобренијата за плаќање, по што ги одобрувал и доспеаните фактури кои потоа биле реализирани во корист на Агенцијата за обезбедување“, објави Обвинителството.

На овој начин другите осомничени на осомничениот носител на набавката му овозможиле да прибави противправна имотна корист  во износ од 46.918.079 денари и со тоа нанеле  штета од големи размери на Јавното претпријатие за државни патишта.

По обвинителството, со соопштение се огласи и Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираа дека МВР поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Кривичната пријава е поднесена против Џ.Б. (54) од Кичево, Е.Р. (56) од Тетово, Е.Љ. (61) од Тетово, М.Б. (48) од Скопје и Д.З. (39) од Тетово и против правен субјект од Кичево.

„Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик, додека за останатите четворица – тогашен директор на претпријатието, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата, се води постапка за кривични дела кои опфаќаат злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи.

Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 08.08.2022 со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување  24/7  на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и  за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена,  а  на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување  за целиот период на договорот се до неговото раскинување.

Тогашниот директор на јавното претпријатие бил должен да се грижи за законитоста во работата и примената на прописите, статутот и другите акти, како и да врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите, но не ја извршил таа должност и го пропуштил должниот надзор над носителот на јавната набавка иако знаел дека физичкото обезбедување се врши само делумно.
Двајца осомничени раководители на одделение за наплата на патарини и контрола, исто така имале задолжение да го следат договорот и неговото исполнување, да вршат контрола во извршувањето, одобрување на работни налози за извршување на услугата, испратници, следење на квалитетот на извршените услуги и проверка на доспеаните фактури, како и да изготвуваат извештаи дали договор е целосно реализиран. Таквите контроли не ги вршеле во целост и иако знаеле  дека обезбедувањето се извршува само делумно најчесто во прва смена, ги потпишувале  барањата за одобрение за плаќање.

Вториот потписник на договорот бил запознаен со бараната спецификација, но и покрај тоа ги одобрувал барањата и одобренијата за плаќање, по што ги одобрувал и доспеаните фактури кои потоа биле реализирани во корист на Агенцијата за обезбедување.
На овој начин другите осомничени на осомничениот носител на набавката му овозможиле да прибави противправна имотна корист  во износ од 46.918.079 денари и со тоа нанеле  штета од големи размери на Јавното претпријатие за државни патишта.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост“, се вели во соопштението од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четирите повредени од пожарот кои беа критични, денеска се подобри

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четирите повредени од пожарот кои беа критични, денеска се подобри

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Oваа промена го нарушува режимот на спиење

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Oваа промена го нарушува режимот на спиење

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

„ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА НЕМА НИТУ КАДАР, НИТУ МАТЕРИЈАЛИ“: Во малку подобра состојба се четворицата пациенти чија состојба е сериозна

„ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА НЕМА НИТУ КАДАР, НИТУ МАТЕРИЈАЛИ“: Во малку подобра состојба се четворицата пациенти чија состојба е сериозна

Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАСИЛНИКОТ А.А. ОД РАДОВИШ - тој е уште на слобода, обвинителството бара начин да го задржи

ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАСИЛНИКОТ А.А. ОД РАДОВИШ - тој е уште на слобода, обвинителството бара начин да го задржи

Нисов со видео порака од лекувањето во Полска: Стабилен сум и внатрешно прочистен

Нисов со видео порака од лекувањето во Полска: Стабилен сум и внатрешно прочистен

„ИЗЛЕГУВАЈТЕ, СЕ ЗАПАЛИ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ“: Објавено ново видео од „Пулс“, врисоци и паника меѓу присутните додека трчаат да излезат

„ИЗЛЕГУВАЈТЕ, СЕ ЗАПАЛИ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ“: Објавено ново видео од „Пулс“, врисоци и паника меѓу присутните додека трчаат да излезат