19 Декември, 2025
0.0613

Привршуваат подготовките за новиот осигурителен производ – осигурување од природни катастрофи

Објавено во: Мои пари 31 Март, 2014 15:58

Добивај вести на Viber

Реализацијата на новaта пазарна инфраструктура на системот за осигурување од ризици од природни катастрофи и временски непогоди, дизајниран и поддржан од Европа Ре – специјализирана компанија за реосигурување од природни катастрофи со седиште во Цуг, Швајцарија, се наоѓа пред самиот почеток. Како дел од подготовките за лансирање на програмата Европа Ре на македонскиот осигурителен пазар, експерти од компанијата деновиве одржаа обуки и тренинг - сесии во врска со иновативниот систем за обесштетување на осигурителни барања базиран на користење на слики и користење на далечинска проценка на штети/процесирање на осигурителни барања. Исто така посебни обуки беа оддржани и за првите осигурителни агенти кои набрзо ќе почнат да им ги нудат, на граѓаните и бизнис секторот во земјава, првите уникатни полиси за осигурување на имот од земјотрес. Во рамки на подготовките за старт на Европа Ре програмата извршена е обука на специјален тим на набљудувачи на штети (собирачи на информации) кои ќе бидат дел од процесот за обесштетување во случај на природни катастрофи и временски непогоди кој стои позади производите за осигурување поддржани од Европа Ре. Сите оние кои ќе ги положат стандардизираните тестови по завршување на тренингот, ќе добијат официјална сертификација за завршување на обуката.
Преку овие обуки, кои се базираат врз точно утврдени протоколи на Европа Ре, набљудувачите на штети добија соодветни знаења и експертиза кои им овозможуваат, во случај на природна катастрофа, на ефикасен начин да придонесат за иновативниот процес на далечинска проценка на штета поддржан од Европа Ре. Овој нов процес ќе овозможи брзо и транспарентно обесштетување (решавање на осигурителни барања) за граѓаните“, вели проф. д-р Паоло Базуро, експерт на Европа РЕ за моделирање на ризици и инженерство.
Преку обуката за осигурителни агенти која се одржа на 28 март 2014 во Скопје, осигурителни агенти се запознаа со сите неопходни технички аспекти, како и со придобивките за граѓаните и бизнис секторот, од осигурителните станбени и комерцијални производи за заштита од земјотрес кои наскоро ќе ги лансира Европа Ре преку постојните партнерски осигурителни компании во земјава.
„Овие обуки се дел од експертската и техничка поддршка што ја обезбедува Европа Ре за своите локални партнерски компании со што тие ќе можат целосно да се фокусираат кон потребите и очекувањата на граѓаните и бизнис секторот за ново, квалитетно и пред се достапно осигурување од природни катастрофи“, изјави Анета Дамјановска од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија, една од институциите кои ја поддржуваат програмата на Европа Ре за осигурување од природни катастрофи.
На учесниците на обуките за агенти за продажба им се обратија и претставници на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Центарот за управување со кризи на Република Македонија, при што посебно ја истакнаа поддршката која домашните институции ја даваат на формирањето и функционирањето на новиот систем за осигурување. По завршувањето на тренинг - сесиите, што се дел од програмата за акредитација на Европа Ре, сите осигурителни агенти добија соодветен сертификат со кој се потврдува нивната стручност при извршувањето на задачите во рамките на новата инфраструктура за осигурување од природни катастрофи.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција