„ПРОБЛЕМОТ СО РАДАРОТ ГО РЕШИВМЕ ЗА ТРИ ДЕНА“: Николовски вели дека 7 години работел на еден канал
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2025 21:51
Проблем со радарот стар 27 години го решивме за само три дена. Седум години никој не водел сметка за резервни делови бидејќи уште пред седум години престанале да ги произведуваат. Се соочивме со проблем, но благодарение на професионалците успеавме во рок од три дена да го решиме и да го ставиме во функција, рече министерот за транспорт Александар Николоски за Сител.
Тој нагласи дека со одлука на Влада ќе биде задолжен М-НАВ да почне да работи и во период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар.
“Со одлука на Владата ќе го задолжиме М-НАВ да почне да работи и очекувам во еден период од неколку месеци целосно да го стави во функција новиот радар. Постојат стандардни тестови, но М-НАВ ќе работи во рамки на потребното време целосно да го стави во функција новиот радар. Во овој момент имаме целосно во функција три радари, еден за охридскиот аеродром, два на скопскиот така да имаме целосна безбедност. Точно е дека се соочивме со проблем минатата недела кога откажа еден од радарите на скопскиот аеродром. Она што го откривме минатата недела е дека тој радар седум години работел на еден канал. Истиот е стар 27 години, пред седум години престанале да се прават резервни делови и седум години не се обезбедувале делови што беше и дополнителен проблем. Успеавме проблем кој што се ставал под тепих 27 години да го решиме за три дена.”- вели Николоски.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




