16 Декември, 2025
0.0498

Продажбата на ФЕНИ Индустри донесе огромен квартален раст на Стопанска и Комерцијална банка

Објавено во: Финансии 12 Јуни, 2018 12:16

Добивај вести на Viber

Продажбите од страна на Стопанска банка и Комерцијална банка како обезбедени доверители на ФЕНИ Индустри на своите побарувањa на швајцарскиот инвестициски фонд ГСОЛ, кој е прифатен за нов инвеститор во кавадаречкиот комбинат, доведоа овие два субјекти да се најдат во Топ-3 акционерски друштва со најголема добивка во првиот квартал од 2018/та.

Комерцијална банка имаше вкупно обезбедени побарувања од 24 милиони евра во пласирани кредити кон ФЕНИ, додека пак Стопанска банка околу 15 милиони евра по истиот основ.

Во првото тримесечие од 2018/та убедливо најголема добивка имаат Стопанска банка (1.051.037.000), НЛБ Банка (967.415.000) и Комерцијална банка (966.608.000). Стопанска банка во однос на истиот период лани бележи раст од 57,05%, НЛБ Банка од 69,06%, а Комерцијална банка од дури 2377,78%.

Други од Топ-10 листата се Македонски телеком (382.565.000), Мермерен комбинат Прилеп (281.357.000), Алкалоид (246.805.000), Охридска банка (199.605.000), Цементарница (94.560.000), Макпетрол (76.938.000) и УНИ Банка (62.697.000). единствено само Цементарница Усје покажува пад од -14,69%. Кај МБ10 Индексот сите покажуваат раст, освен Гранит со пад од 49,31% и Стопанска Банка АД Битола со негатива од 22,81%.

- Забележан е 263 насто раст на прометот, а акциите се пораснати ѕа 39 насто. Кај МБ10 Индексот растот е 31,5 насто. Забележливо е тоа што од странство има 0 проценти вложувања од правни лица и само 0,66 проценти од физички лица, што значи дека растот се темели само на домашни вложувачи. Банките се носители на главните износи на добивки - брифираше Илчо Лазарески, директор на сектор за деловни операции и раѕвој на Македонска берза АД.

Растот на годишно ниво е 2 насто. ако се тргнат загубите настрана, добивката е поголема ѕа една милијарда денари повеќе од лани. Позитивно е тоа што загубата е преполовена во однос на лани.

Во 2018 добивка оствариле 79 субјекти, додека во истиот период лани 84 субјекти биле со добивка. Најмногу загуба има кај индустријата, а најголемена добивка кај финансискиот сектор (банките).

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска