16 Декември, 2025
0.2595

Продолжува соработката во здравството со соседна Бугарија

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2015 17:13

Добивај вести на Viber

Во претстојниот период да се потпише План за унапредување на соработка меѓу министерствата за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, со посебен фокус на едукации, стручно усовршување и специјализации на македонските доктори. Ова денеска на средба во Софија, го договорија министрите за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, Никола Тодоров и Петар Стефанов Москов. Планот, соопшти Министерството за здравство, ќе содржи и други облици на соработка, како што се: соработка во областа на здравствениот менаџмент, изработка на протоколи, упатства, водичи и стандарди, програми за превенција, како и размена на искуства во областите на јавното здравје и медицинските науки. Со овој План, како што се наведува, ќе се зајакне соработката со Медицинскиот факултет при Медицински Универзитет во Софија, кој е реномиран научно-истражувачки центар во областа на медицината, а воедно и најстара високообразовна установа во оваа област, формирана во 1917 година. Во рамки на денешната работна посета на Софија, министерот Тодоров се сретна и со деканот на оваа високообразовна установа, проф. д-р Марин Маринов. На средбата беа разгледани можностите за специјализација и обуки за стручно доусовршување на македонските доктори. Воедно, предвидено е до крајот на овој месец повеќе професори од катедрата по неонатологија да дојдат во Македонија, со цел размена на искуства со македонските колеги во оваа област, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата