15 Јуни, 2025
0.0277

„ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАЛОТ ПРОМЕНА НА ДИРЕКТОРИ ШТО НЕ МИ СЕ ПО КЕЈФ“: „Маќеата на градот Скопје целосно ја запушти метрополата“, реагира Христовски

Објавено во: Македонија 08 Август, 2024 08:18

Добивај вести на Viber

Поранешниот в.д. директор на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски, кој си поднесе оставка од  функцијата в.д. директор на ЈП Градски паркинг, се огласи за промената на директори во институциите на градот.
Продолжува серијалот наречен "промена на директори што не ми се по кејф!" Последни на дневен ред се новите смени на директори во ЈП "Водовод и канализација" и ЈП "Градски паркинг".

На последните парламентарни избори, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со нејзината купена партија во Скопје освои околу 2500 гласа или само 2% од гласовите кои претходно ја направија градоначални!

Се прашувате каде се стопија 118749 гласа кои ги освои на локалните избори во 2021 годин?

Зошто ја нема повеќе поддршката од скопјани?

Скопје после три години од нејзиниот избор е се, само модерно не. Градот тоне и очајно моли некој да го спаси.

Данела не беше поддржана за да глуми лажна величина и да си поигрува со сите нас.

Данела беше избрана да се бави со предизвиците со кои се соочуваат жителите на Скопје, да ги решава комуналните проблеми, да го врати хуманото живеење, да изгради нови паркови и игралишта, да инвестира во брзи конекции помеѓу главните населени места во градот, да го одржува зеленилото, да ги дигитализира градските услуги, а не да си игра висока политика и да ги лечи сопствените комплекси на грбот на скопјани.

Маќеата на градот Скопје целосно ја запушти метрополата. И откако виде дека граѓаните ја множат со нула, достоинствено ќе беше по парламентарните избори оваа пролет како секој одговорен политичар да си поднесе оставка. Наместо тоа, таа продуцира конфликти, ги смени сите можни директори по неколку пати и продолжува да креира хаос во градот.

Ни морал, ни етика, ни чест! Но, одговорноста наскоро ќе и чукне на врата! Народот преку институциите ќе ја врати во реалноста зошто очигледно не умееше да си ги исконтролира алчноста и ароганцијата“, напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!