Продолжува состојбата на глобална подготвеност за уште три месеци, одлучи СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Август, 2020
Продолжува состојбата на глобална подготвеност за уште три месеци.
Ова е резултат на пандемија на коронарнавирус, објавено е по седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адананом Гебрејесус ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.
„Пандемијата го погодува човештвото еднаш во 100 години и ефектите ќе се почувствуваат во наредните децении“, посочи Геберјесус.
Во австралиската држава Викторија е прогласена вонредна состојба, а властите воведоа ноќен полициски час како најстрога мерка досега во борбата против ширењето на коронавирусот.Австриските власти соопштија дека еден вработен во Владата е позитивен на коронавирус, но не бил во никаков контакт со канцеларот Себастијан Курц.
Бразил забележа повеќе од 45.000 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 24 часа, а Мексико повеќе од 9000, што е највисок број досега.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.