19 Декември, 2025
0.0714

„Професијата како личен идентитет “– Ротари конференција за професионална ориентација

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2014 10:39

Добивај вести на Viber

Со цел да им помогне на средношколците при изборот на факултет, на 12 април, во просториите на Meѓународното училиште НОВА по вторпат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација под наслов „Професијата како личен идентитет“. Настанот е во организација на Ротари клуб Скопје - Камен Мост, кој продолжува со активностите за поддршка на младите талентирани луѓе, помагајќи им да ги остварат своите потенцијали. На конференцијата ќе бидат одржани говори и дискусии на повеќе теми како: архитектура и градежништво, бизнис и финансии, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, истражување и наука.
„Изборот на факултет е одлука која е значајна не само за професионалната иднина на еден млад човек, туку и пошироко за неговиот идентитет, имјаќи во предвид во колкава мера професијата е дел од нашето секојдневие и дејствување во околината. Токму затоа ја организираме оваа конференција, на која младите луѓе ќе имаат можност да слушнат интересни искуства и размислувања од еминентни гости говорници и професионалци, а со цел да им помогнат во процесот на донесување одлука“, изјави Александра Дилевска Симова, претседател на Ротари клуб Скопје Камен Мост.
Минатата година 139 средношколци од повеќе од 14 училишта го посетија настанот, и истиот преку прашалник го оценија како успешен и извонредно корисен. Местата за настанот ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk. Програмата на конферецијата е достапна на сајтот на Meѓународното училиште НОВА www.nova.edu.mk .    

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција