Професор д-р. Розалинда Исјановска: Само заради менталитетот на нашиот народ се потребни карантинските мерки
Објавено во: Македонија 22 Април, 2020
Да не се паничи, овој нов вирус не опстанува во надворешната средина како што е сезонскиот грип, па затоа и потешко се пренесува. Во дадениот момент единствено решение кое ни е достапно да се заштитиме, се додека не се произведе вакцина за масовна употреба, е да држиме социјална дистанца. Не е потребен карантин и најдраконски мерки, но само во државите каде што луѓето се воспитани и ги почитуваат препораките од властите. Нашиот менталитет, за жал е поинаков, вели во за Фактор, професор д-р. Розалинда Исјановска, една од нашите врвни епидемилози.
Зошто некои воопшто немаат симптоми на вирусот, но сепак тестовите за Ковид-19 им се позитивни. Што е тоа во организмот што не дозволува симптомите на новиот корона вирус да излезат на „виделина“, па тоа е и основната причина за голем број заразени луѓе?
Ова не е прво заболување каде се регистрира асимптоматска или благосимптоматска клиничка слика . На некој начин вирусот опстанува, гради како една симбиоза со човековиот организам, тој е присутен, но се во равнотежа со одбрамбените механизми. Но, приотоа асимптоматскиот носител го шири вирусот во својата околина. Вирусот мутира и токму тие мутации се одговорни за тежината на клиничката слика, од лесна настинка до заболени кои завршуваат на респиратор. Според Кинезите, вирусот мутирал во 30 различни видови и тие се различни во својата јачина, се регистрираат видови кои создаваат 200 пати поголемо количество на вирус во однос на послабите.
Што знаеме до сега за рутите на трансмисија на вирусот, како и неговото задржување на одредени површини. Последните сознанија се дека опасноста е поголема од групирање на луѓе, отколку од допир на одредени предмети, кваки, мобилни телефони, прехрамбени производи во маркетите, итн...
Сега за сега дека се пренесува по респираторне пат. За време на дишењето, преку кашлањето, кивањето, гласното зборување се исфрлаат ситни капки од назофарингеалниот секрет со различна големина и се распрснуваат во вид на аеросоли. Овие капки се нарекуваат Флигеови, кои можат да бидат исфрлени до 150 до 200см. 96% се пренесува со капките. Останувањето во воздухот зависи од големината, влажноста и температурата на воздухот. Тие се невидливи за нашето око.За да настане заразување преку Флигеовите капки, новиот домаќин треба да биде на растојание не поголемо од 150-200см. од стариот домаќин, со што Флигеовите капки барем имаат ограничена улога во пренесувањe на заболувањата. Тие се потешки капки кои паѓаат на различни површини и притоа можеме да дојдеме во контакт најчесто со рацете, па да се фатиме за нос , уста или очи каде конјуктивата е влезна врата. Добро е што корона вирусот се шири само со близок контакт од човек на човек,а не како грипот и при самото кашлање и кивање, односно вирусот живее само во човечкото тело може да се пренесе и пред да се појават симптомите. Овој вирус не опстанува во надворешната средина како што е сезонскиот грип и затоа потешко се пренесува. Колкаво е опстанувањето на вирусот на предмети е сеуште една енигма,живее во честички во воздухот до неколку часа, додека на површините на предметите може да живее и до неколку дена (лабораториски).
Комуникација во времетраење од 6 секунди на оддалеченост од 1,8 метри. Дали е тоа вистинската превенција се додека не се произведе вакцината за масовно алицирање
Вистинска превенција не е, но во дадениот момент е единствена која ни е достапна да се заштитиме.
Меѓу починатите има пациенти кои немале други здравствени состојби. Дали може Ковид 19- да „убие“ здрав пациент, но да имал предиспозиции за одредена болест, генетика, односно историја во семејеството за одредено тешко заболување?
Ова е ново заболување за кое малку се знае Одговорите се добиваат со користење на методот на аналогија во однос на останатите респираторни заболувања. Мислам дека не станува збор на предиспозиција (врз основа на испитувањата кои ги читаме во релевантни медицински списанија), смртните случаи повеќето се регистрираат кај лица кај кои се оштетени белите дробови како пример ХОББ –хронична опструктивна белодробна болест, лица кои имаат дијабетес кај кои е нарушена периферната циркулација и оштетени повеќе органи, лица кои се гојазни масното ткиво е добра подлога за развиток на вирусот, можеби присуство на покачен шеќер во крвта, хронични срцеви заболувања, хронични бубрежни заболувања, хипетрнзија, а секако и возраст, кај возрасните лица во поголем дел се регистрираат овие хронични заболувања, итн.
Веќе се докажува дека Ковид-19 не само што ги разорува белите дробови, туку влијае и на срцето, како и на бубрезите, дали треба системски да се делува и кога човечкиот организам може најуспешно да се избори со болеста.
Станува збор за вирусно заболување за кое соодветна терапија нема, системски може да делуваме со различни имуностимулатори за подигање на имунитетот, но тоа го оставаме на инфектолозите.
Што мислите за брзите тестови кои веднаш регистрираат антитела, но не го потврдуваат присуството на Ковид-19, дали ја поддржувате стратегијата на масовно тестирање
Лично како епидемилог не подржувам масовно тестирање, но агресивно тестирање да, тоа значи се поголем број на тестирања на примарните и секундарните контакти. Серолошките тестирања откриваат колку голем дел од популацијата се заразила и развила антитела, се подразбира дека веројатно имаат одредено ниво на имунитет. Регистрирацијата на антитела потребни се во даден момент да се спроведуваат, каде се откриваат антителата кои ни даваат податоци дека лицете дошло во контакт со вирусот и се створиле тие мемориски клетки кои пливаат низ човековото тело. Многу студии во светот се направени со овие тестирања, но според СЗО треба да се внимава кога, каде и кој се тестира.
Што мислите за т.н. имунитет на стадо и дали според вас треба главно да се заштити повозрасната популација?
Личниот имунитет доведува до колективен имунитет. Овој имунитет е важен со тоа што вирусот доѓа на хранилишта кои не се погодни за негово опстанување и се намалува неговата вирулентност. Не само повозрасната популација, заштита на сите, никој не е ослободен од инфекцијата и од јачината на вирусот. Знаеме дека со вирусот може да се заразат лица на секоја возраст, но досега се пријавени релативно мал број случаи на КОВИД-19 кај децата.
Дали политиката на крајно рестриктивни мерки е погрешна, односно дали стравот се должи само на тоа дека Ковид-19 е сосема нов вид од групата корона вируси и за кој допрва ќе се бара конкретен лек?
Со ваква ситуација се се сретнуваме за првпат некаде по сто години. Вирус за кој незнаеме ништо. Се работи за еден природен експеримент во заедницата врз кој сите учат. Лабораториските испитување често не се совпагаат со реалноста во природата. Стравот е реален од се она што не ние познато, но доколку се користат основните превентивни мерки препорачани од СЗО сепак не.Треба да бидеме информирани и да не се паничи и да ги слушаме препораките на докторите. Но, тука е и нашиот менталитет. Пред некој ден гледав репортажа од Шведска каде рестрикциите се минимални, но сите се придржуваат на мерките Пред банките стојат во ред на растојание, нема турканици. За да после ја гледав репортажата пред наша банка, сосема друга слика. Ако имаме недоумици, препораки се често да ги миеме рацете, да избегнуваме контакт со болни луѓе, да останеме во куќен карантин по совет на здравствените работници доколку сме биле во контакт со заразена личност или некој кој се сомнева дека е заразен, да држиме растојание и социјалните контакти да ги сведеме на минимум и на далечина.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.