15 Декември, 2025
0.0306

Професор Томе Неновски: Факултетот во Штип да ја преиспита одлуката за бркање на професорите од работа!

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2014 10:05

Добивај вести на Viber

Случајот со тројцата професори од штипскиот универзитет ја бранува академската јавност. Прв пат во македонската историја образовни работници штрајкуваат со глад. И покрај позитивните рецензии, наставничкиот совет на чело со деканот Ристо Фотов на економскиот факултет донесе одлука да не ги избере професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска, Александар Костадиновски. “Во овој случај е дадена позитивна рецензија од тројца професори на чело со деканот, кој ставил потпис по што трудовите се објавуваат во Билтенот, како што предвидува постапката. Ако рецезентската комисија  оценила дека квалитативните услови се исполнети тогаш се поставува прашањето врз основа на кои критериуми наставничкиот совет ги одби професорите. Во овие неколку денови имаше коментари дека станува збор за некои карактерни несогласувања меѓу професорите и раководството. Ако тоа е причината, тогаш станува збор за апсурд. Клучното прашање е дали професорите стручно одговориле и ги задоволиле критериумите што се бараат, ако е тоа така тогаш наставничкиот совет со одбивањето постапил неосновано“ – вели универзитетскиот професор Томе Неновски. Според Неновски мора да се утврди дали е дали се направени крупни грешки во постапката. „Станува збор за кариери, за луѓе, за иднина и никој не смее некому да го му одземе правото да напредува. Ако некој ја прекршил дисциплината, тогаш законот предвидува други мерки, но тоа не смее да биде препрека некој да напредува врз основа на стручноста. Законот е многу јасен, има критериуми кои го утврдуваат скалилото за унапредување и доколку условите се исполнети апсурдно е да зборуваме за субјективни причини кои би го спречиле тоа. Човечките карактери не се мерило ниту репер, тоа е субјективна оценка која никако не смее да биде земена предвид. Не сакам да ги прејудицирам наодите што би ги објавил Инспекторатот за образование, но сметам дека сите членови на наставничкиот совет ќе мора поединечно да дадат изјави по кој основ ги одбиле професорите кои конкурираа за избор во повисоко звање“. Професорите од вчера почнаа штрајк со глад. Раководството на универзитетот не им дозволи да штрајкуваат на факултетот, по што професорите се префрлија во простории на синдикатот во Штип. Сега се очекува реакција на ректорот и на државниот просветен инспекторат, кои, доколку сакаат имаат можност да влијаат на одлуката на деканот и наставничкиот совет.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“