Професор Топалов од Мешовитиот комитет: Македонија не го пушта бугарскиот бизнис кај нив
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2020
Нема надворешен притисок врз Бугарија да го реши спорот со Северна Македонија. Ова во утринската емисија на Бугарската национална телевизија го изјави проф.Кирил Топалов, кој е член на заедничкиот Мешовит комитет составен од билатерални комисии меѓу двете земји.
Тој смета дека ваквите информации се појавуваат во македонските медиуми со цел да им се покаже на граѓаните на нашиот западен сосед дека нивната влада води преговори со Бугарија на европско ниво.
Тензиите се појавија меѓу Софија и Скопје откако Бугарија ја блокираше преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ поради, како што вели тој, континуираните тврдења на властите во Скопје дека го „чуваат“ македонскиот идентитет.
„Сè уште владеат старите тоталитарни методите на Тито кои се 101% зачувани. Оваа земја не направи чекор напред во овие 30 години по распадот на Југославија за да покаже дека се демократизирала и дека има добрососедски намери кон земјите со кои се граничи “, коментира проф.Топалов.
Според него, во македонските медиуми постојано кружи антибугарска реторика додека Бугарија постојано го покренува прашањето за модернизација на заедничката патна инфраструктура со Северна Македонија.
„Северна Македонија има автопатишта кон Албанија, Грција и Србија, но до Бугарија уште го користи оној од 1950-тите. Тие очигледно не сакаат да имаат контакти. Нема ниту еден инфраструктурен проект со кој може Република Северна Македонија да аплицира во ЕУ. Тие не дозволуваат бугарски бизнис таму, тотална изолација “, рече Топалов.
Проф.Топалов посочи дека ако случајот со македонскиот малцинството не се реши сега, тоа „ќе создаде огромни проблеми утре“ за Бугарија.