18 Октомври, 2024
0.0368

ПРОФЕСОРОТ СПАСОВ ЗАВРШИ НА ИЗВРШИТЕЛ: Должел 53 денари на Водовод, сега треба да плати над 50 евра

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Професорот Ѓорѓи Спасов, на неговиот фејсбук профил информираше дека му пристигнало препорачано писмо со кое бил известен дека има неплатен долг во период од десет години. Како што напиша, должел 53 денари на „Водовод и канализација“, а сега требало да плати над три илјади денари.
Еве го неговото сведоштво.
Легализиран грабеж

Се додека не ви дојде сметка од извршител за неплатен долг од пред 10 години, не може да ја разберете маката на огромниот број граѓани фатени во мрежата за организиран грабеж на Јавните претпријатија. Банките, нотарите и извршителите.

Еве што се случува.

Со препорачано писмо те известуваат дека во рок од три дена од добиенот налог за извршување треба да платиш на сметката на извршителот сума која е над 70 пати повисока од основниот долг.

Јас кој себе се сметам за уреден плаќач на сметките од јавните претпријатија сум останал должен цели 53 (пеесет и три) денари за неплатени камати на услугата од водовод и тоа на сметките од јуни,јули,август и септември 2015 година. Секој разумен човек таа сума би ја платил веднаш ако добил опомена или ако била додадена како долг на сите други сметки што редовно ги плаќа.

Но во мрежата на организираниот и легализиран криминал во која секој заработува на грбот на граѓаните, Ј.П Водовод и низа други, не ги наплатуваат така своите ситни побарувања. Тие испратиле барање за наплата на долг за неплатена камата во висина од 53 денари, до извшителот Весна Деловска преку зам. Извршителот Благојче Пишмановски на 24.11 2015.година (или скоро пред 10 години) која ја потврдил нотарот Џевад Бучи, и на 1.10 .2024 година ( значи по 9 години)ме информираат дека за тој долг од 53 денари треба да му платам на доверителот Водовод 1183 денари и на Извршителот уште 2458 денари, или вкупна сума од 3641 денар.

Ако долгот беше 53 евра на пример, ќе требаше да платам 3641 евра или да ми биде запленет имот во таа вредност ако го имам.

Е што е многу многу е.

Каматата што ја должам била на платени сметки, само затоа што подоцна сум ги платил од рокот за плаќање и тоа за јуни 2015 година ми пресметале 19 денари камата за јули 14, за август 8 денари и за септември 13 денари.

Кога е познато дека месечната сметка за водовод е околу 600 денари, овој модел на наплата на камати за кои не си информиран 10 години и не се обиделе да си ги наплатат преку редовните сметки што 10 години од тогаш ги плаќаш е еднаков на Организиран и Легализиран грабеж, кој мора да биде оневозможен во услови кога задоцнетото плаќање сметки во многу семејства се случува заради неисплатени плати или задоцнети плати а во летните месеци и заради престој надвор од домовите во Скопје“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

„ДАЈ БОЖЕ ДА УСПЕАМ ВО БИТКАТА СО КАНЦЕРОВ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО СТЕФАН ДА РЕДИМЕ УСПЕСИ“ - се огласи Зоки Фаци Василевски

„ДАЈ БОЖЕ ДА УСПЕАМ ВО БИТКАТА СО КАНЦЕРОВ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО СТЕФАН ДА РЕДИМЕ УСПЕСИ“ - се огласи Зоки Фаци Василевски

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што да очекувате

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што да очекувате

ВО ДВЕ АКЦИИ ПАДНАА 15 ЦАРИНИЦИ, ПОЛИЦАЕЦ И КРИМИНАЛНА ГРУПА КОЈА 20 ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ЈА ПИПНАЛ: Тошкоски се пофали за сработеното

ВО ДВЕ АКЦИИ ПАДНАА 15 ЦАРИНИЦИ, ПОЛИЦАЕЦ И КРИМИНАЛНА ГРУПА КОЈА 20 ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ЈА ПИПНАЛ: Тошкоски се пофали за сработеното

ЗАЕВ И СЕ ЈАВИЛ ТЕЛЕФОНСКИ НА РУСКОСКА ДА БАРА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА ДЕЛОТО ЗА 27 АПРИЛ: За Рашковски барал да се повлече обвинението, сметал дека не бил виновен, еве што вели екс обвинителката

ЗАЕВ И СЕ ЈАВИЛ ТЕЛЕФОНСКИ НА РУСКОСКА ДА БАРА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА ДЕЛОТО ЗА 27 АПРИЛ: За Рашковски барал да се повлече обвинението, сметал дека не бил виновен, еве што вели екс обвинителката

Панче Тошковски: Да не се дава етнички предзнак на последните акции, се апсат од разни етникуми

Панче Тошковски: Да не се дава етнички предзнак на последните акции, се апсат од разни етникуми

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Градот Скопје е одбиен за проекти од унгарскиот кредит, Мицкоски и Арсовска си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Градот Скопје е одбиен за проекти од унгарскиот кредит, Мицкоски и Арсовска си разменија остри зборови

ПОРАДИ ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА: СДСМ нема да гласа за буџетот на Општина Тетово за 2025 година

ПОРАДИ ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА: СДСМ нема да гласа за буџетот на Општина Тетово за 2025 година

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе