24 Декември, 2024
0.0269

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска рече дека директорите на Детската клиника и „Козле“ се тие кои ќе треба да ги казнат одговорните за пропустот со смртта на 14 месечното бебе. Тој вели дека не е ниту судија ниту обвинител, но како министер очекува од директорите на Детска клиника и во Козле да преземат мерки против оние кои направиле превид при третманот.

-Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав компетентна комисија која даде детален извештај. Извештајот е испратен до клиниките, чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму ние можеме да постапиме врз директорите, не врз вработените. Нема никаде случај министерот да избрка од работа. Меѓутоа, треба министерот да инсистира за директорите да преземат одредени мерки за тие доктори кои што напраиле превид. Тие се раководители на тие болници и клиники и не би сакал јас да кажувам што ќе донесат, меѓутоа очекувам од нив да има некаква одговорност, изјави Таравари.

 Комисија при Лекарската комора денеска го разгледува извештајот од стручниот надзор во кој е наведено дека има недостатоци и стручни и системски и тоа во двете клиники каде било лекувано бебето. 

-За овој случај Комората исто така доби допис и од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје, во кој оваа здравствена установа дава свое гледиште и став во врска со наводите од извештајот на Министерството за здравство. Во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок на Комисијата за етички и правни прашања, на кој ќе се разгледа доставениот извештај во врска со починатото дете, како и Извештајот од извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница Куманово во врска со лекувањето и третманот на починатата родилка М.С. и нејзиното новороденче, кој е подготвен од комисијата формирана од министерот за здравство. За исходот од работата на Комисијата и донесените одлука за понатамошно постапување дополнително ќе информираме, велат од ЛКМ.

14 месечното бебе почина пред 12 дена на Детска каде беше транспоретирано од Козле во многу лоша здравствена состојба, со ниска сатурација и засегање на виталните функции. За случајот имаше и вонреден надзор и стручна Комисија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежно невреме предизвика хаос во делови од Македонија, но и во регионот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежно невреме предизвика хаос во делови од Македонија, но и во регионот

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал