18 Октомври, 2024
0.0282

Панче Тошковски: Да не се дава етнички предзнак на последните акции, се апсат од разни етникуми

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на ТВ Алфа рече дека на последните две акции на полицијата не треба да им се дава етнички предзнак, бидејќи уапсените се од различен етнички состав.

За акцијата со уапсените цариници во Струмица и Гевгелија тој вели дека „Добар дел од нив биле Македонци“.

- Се апсеа царинарници и еден полициаец, бројка од 16, за кои што во рамки на една оперативна акција спроведена по Обвинителството за организиран криминал и корупција, се документирале докази повеќе од една година. Да речеме дека се докажува со цврсти докази поткуп и злоупотреба на службена положба, рече Тошковски.

За акцијата во Охрид, Струга и Тетово со уапсени 13-мина за тргување со оружје, луѓе и дрога тој рече дека „најголем дел од оние кои се приведени не се Македонци“.

- Многу години наназад го работеле она што го работеле со паралелни структури во рамки на државата кои им овозможувале да го прават тоа што го прават. Не можеме да расчистиме со криминалот, ако не расчистиме со криминалот во внатрешните редови на државата, наведе Тошковски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Градот Скопје е одбиен за проекти од унгарскиот кредит, Мицкоски и Арсовска си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Градот Скопје е одбиен за проекти од унгарскиот кредит, Мицкоски и Арсовска си разменија остри зборови

ПОРАДИ ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА: СДСМ нема да гласа за буџетот на Општина Тетово за 2025 година

ПОРАДИ ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА: СДСМ нема да гласа за буџетот на Општина Тетово за 2025 година

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат