17 Октомври, 2024
0.0259

ПОРАДИ ФИНАНСИРАЊЕТО НА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА: СДСМ нема да гласа за буџетот на Општина Тетово за 2025 година

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Советниците од СДСМ во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година поради најавите за финансирањето на Албанската академија на науки. 

Велат дека СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН.

„Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, наместо институции за сите граѓани. Она што го промовира ВЛЕН служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството. Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици од причина што МАНУ е и треба да остане институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби. СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните. Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии. Најавуваме дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година. Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Глигорије Стојановски, советник во Советот на општина Тетово. 

Рече дека доколку тоа не го направат, ВМРО-ДПМНЕ ќе стане директен поддржувач и соучесник. Го праша Касами, дали кога го предлагаше ова помисли на глутницата кучиња што ги демнеат граѓаните на Тетово, дали помисли на купиштата ѓубре на сите страни, дали помисли на недостаток на вода за пиење. 

Деновиве, но и претходно имаше критики дека во ниту една држава нема две паралелни академии на науки. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Градот Скопје е одбиен за проекти од унгарскиот кредит, Мицкоски и Арсовска си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Градот Скопје е одбиен за проекти од унгарскиот кредит, Мицкоски и Арсовска си разменија остри зборови

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

МИЦКОСКИ: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Таравари: Директорите се тие што треба да ги казнат одговорните за смртта на 14 месечното бебе

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

Се огласи МАНУ: Никаде во светот не постојат две научни академии

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

САКАЛЕ ДА ПОЛОЖАТ ЦВЕЌЕ: Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

МАЈКАТА ПРИЈАВИЛА ВО ПОЛИЦИЈА: Баба влегла на час и недолично се однесувала со внукот

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Град Скопје откако беше одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Град Скопје откако беше одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски