Добивај вести на Viber
Раст од 26% на профитот во вториот квартал на годината забележа најголемиот производител на мобилни телефони и опрема во светот Ericsson.
Како што пренесува „Би Би Си”, компанијата забележала нагло зголемување на добивката во вториот квартал на годината во износ од 1,5 милијарди шведски круни (230 милиони долари), што е раст од 26% во однос на истиот период од 2012 година.
Позитивниот резултат на компанијата е зајакнување претежно од намалувањето на трошоците и од повисоките маргини на профитот. Приходите од продажба за периодот сепак се речиси без промена – 55,3 милијарди шведски круни, што е фрустрирачки за аналитичарите.
Ericsson се надева дека по распоредувањето на новите побрзи мрежи, особено технологијата 4G, ќе да успее да го зголеми својот удел на пазарот. Се проценува дека 4G технологијата ќе овозможи до десетпати поголема брзина на симнување на одреден електронски фајл во споредба со сегашните 3G мрежи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.