03 Мај, 2024
0.0276

ПРОФИТ ОД 23 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ - еве како НЛБ Банка набилда повеќе од одличен финансиски резултат

Објавено во: Финансии 29 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Големите банкарски играчи повторно покажуваат дека успешното работење им продолжува во континуитет.

Со податоци за работењето излезе и НЛБ Банка, третата по големина и моќност банка во земјава. 

НЛБ Банка за првите шест месеци од годинава пријави нето добивка од 23 милиони евра, што е за фантастични 23,5 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година. 

„Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 1.395.014 илјади МКД (22,68 милиони евра - н.з.), што претставува зголемување за 23,5 отсто во однос на остварената нето - добивка истиот период претходната година. Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката“, го објаснуваат од НЛБ Банка финансискиот резултат. 

Банката склучила нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање Зелена енергија која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност. 

„Во првиот квартал од 2022 година, првиот банкарски електронски асистент НЕЛА на НЛБ Банка беше наградена со второ место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ од - Порталот „Сајт на годината 2021“ Скопје. Во вториот квартал од 2022 година НЛБ Банка доби национална награда во организација на Министерството за економија на Република Северна Македонија за општествена – одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“. Како потврда за досегашното ефикасно работење на НЛБ Банка АД Скопје се и трите признанија кои ги доби Банката од Visa центарот, како Банка која покажува извонредни резултати, не само во Р.С.Македонија, туку и во цела југоисточна Европа. Овие признанија зборуваат за големината на партнерствата кои ги гради Банката, посветеноста на бизнисот и клиентите и поддршката која ја дава на заедницата во која делува“, се вели во образложението. 

Инаку, НЛБ Банка е системски значајна банка врз основа на Одлуката за методологија за идентификување системски значајни банки на Народната банка, со јака пазарна позиција и висок пазарен удел во банкарскиот сектор на земјава. 

Како што потенцират од НЛБ, таа банка се карактеризира со висока адекватност на капиталот, повеќе од двојно повисока од регулаторно пропишаната и значаен нагорен тренд кај профитабилната страна на Банката. 

Инаку, нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2022 година се повисоки за 4,3 отсто споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,4 проценти, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и домаќинства додека расходите за камати се пониски за 13,3 отсто, главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување. 

Нето приходите од провизии се повисоки за 3,6 отсто споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 13,1 отсто, како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 27,3 отсто, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи а во помала мера поради зголемување на расходите од услуги во платен промет со странство. 

Останатите некаматни приходи изнесуваат 397.085 илјади МКД и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и домаќинства. 

„Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.522.841 илјади МКД и се пониски за 7,1 отсто во однос на претходната година. Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.106.423 илјади МКД и се зголемени за 8,2 отсто, при што трошоците за вработени се повисоки за 5,7 отсто, трошоците за амортизација се повисоки за 18,1 отсто, останатите расходи од дејност се повисоки за 8,4 отсто во однос на претходната година. Заклучно со 30.06.2022, беа ослободени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 82.380 илјади МКД соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 51.218 илјади МКД“, објаснуваат од банката. 

Сето ова придонесе бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2022 година да изнесува 1.550.016 илјади МКД, што е раст за 23,5 отсто. Нето добивката на Банката, пак, заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.395.014 илјади МКД и е зголемена за 23,5 отсто во однос на претходна година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа