19 Мај, 2024
0.0256

ПРОГНОЗА: Долговите кон странство ќе растат, девизните резерви ќе се намалуваат!

Објавено во: Финансии 03 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Долговите кон странство во следниот период ќе се финансираат со нови задолжувања и преку инвестициите, но поради ризиците од политичката криза не можат да се утврдат крајните ефекти од отворањето на нови фабрики. Ова го констатира Народната Банка во најновиот мајски извештај во кој се дава оценка за моменталната состојба во економијата и очекувањата во следниот двегодишен период. “За следниот двегодишен период се очекува дека клучни извори за покривање на потребите за надворешно финансирање ќе бидат директните инвестиции и задолжувањето, во обем којшто е доволен за понатамошно одржување на девизните резервина соодветното ниво.Гледано низ призмата на странската камата, како битен фактор за домашната монетарна политика, и во оваа проекција нема поголеми промени“, наведува НБМ. Извештајот лоцира две групи на ризк-фактори. Првата поврзана со неизвесноста околку глобалното закрепнување и континуираните надолни ревизии на странската ефективна побарувачка, при што постојат неповолни ризици за надворешната позиција на економијата. На домашен терен, ризиците главно се поврзуваат со политичката криза, при што Народната банка повторно упатува на можноста од превземање на мерки. “Исто така, во рамки на домашните економски фактори, при неможност целосно да се оценат потенцијалните ефекти од најавените нови капацитети, постојат ризици за проекцијата на надворешната позиција од овој извор, засега оценети како поволни. Покрај ова, за разлика од претходните циклуси, во основното макроекономско сценарио постојат дополнителни ризици од домашни неекономски фактори (неизвесност околу политичките случувања), кои би можеле неповолно да се одразат врз домашната економија. Овие ризици упатуваат на потреба од постојано следење на евентуалните промени во домашните и надворешните економски услови во наредниот период и навремено преземање соодветни мерки“, пишува во мајската оценка. Иако очекувањата за оваа и следната година остануваат оптмистички во однос на економскиот раст, НБМ сепак упатува на тоа дека до година ќе се зголеми дефицитот на тековната сметка и ќе има намалување на девизните резерви. Според прогнозите, во 2016 та година дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 3,1%. Влошување се очекува и кај дефицитот во размената на стоки и услуги, кој догодина ќе достигне 16,8%. “Финансирањето на тековната сметка во периодот 2015-2016 година, се очекува во најголем дел да се покрие преку странски директни инвестиции и задолжување на јавниот сектор во странство на долг рок“, се посочува во анализата и се додава: “Во периодот 2015-2016 година се очекува повисокиот дефицит на тековната сметка во однос на финансиски текови да доведе до благ падна девизните резерви. И покрај ова, во текот на целиот период на проекции показателите за адекватност на девизните резерви се одржуваат во сигурната зона“. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат