Програма за лојалност на Иуте Македонија, за првпат на домашната финтек сцена
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2025 09:27
Иуте Македонија официјално ја претстави iutePlus програмата за лојалност, која е дизајнирана со цел даја награди лојалноста на клиентите и да го подигне севкупното корисничко искуство на повисоко ниво, давајќи му сосема нова димензија и дополнителна вредност.
Програмата за лојалност ќе им понуди на клиентите бројни бенефиции - од попусти, до специјални понуди и бонус поени, како начин на изразување благодарност што го избраа Иуте за финансиски партнер.
Како функционира iutePlus?!
Со секое подигнување на нов кредит, рефинансирање на постоечкиот, редовно подмирување на обврските, како и учество во специјални кампањи, клиентите добиваат вредносни поени кои ќе можат да ги користат за купување.
iutePlus овозможува бенефиции не само преку користење на кредитните производи на Иуте во стандардниот сегмент, туку и во делот на “Buy now pay later” ширум продажната мрежа од преку 700 партнери, над 1000 продажни места и 100 е-продавници.
Мобилната апликација Myiute останува центарот на Иуте еко-системот, каде што ќе може да се следи состојбата со поените, опциите за користење на поени, како и информации за специјални кампањи и промоции.
Програмата за лојалност е важен момент и голем исчекор за компанијата, особено со оглед на посветеноста кон градење на долгорочни релации, лојалност и доверба како клучни вредности, базирани на етичко и одговорно кредитирање.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




