ПРОГРАМЕРИТЕ УБЕДЛИВО НА ВРВОТ - Отскокнуваат од останатите плати во земјава: Еве ја листата на највисоки примања
Објавено во: Финансии 21 Септември, 2023 11:34
По објавата на последните податоци за платите во Македонија, анализата на примањата на работниците во нашата земја, покажуваат дека програмирите и понатаму отскокнуваат од средината.
Вработените кои спаѓаат во секторот компјутерско програмирање, консултантски исродни дејности се убедливо на врвот, дополнително што притоа имаат плати кои се значително повисоки од останатите плати кои важат за повисоки примања во земјава.
Меѓу топ пет најплатените професии покрај програмерите се и научните дејности, производители на машини, оние во финансискиот и правниот сектор.
За потсетување Државниот завод за статистика вчера објави дека просечната нето плата во земајва во месец јули инесувала 36.286 денари. Иако на годишно ниво има раст, таа сепа е помала отколку во јуни и во мај месец годинава. Имено, во месец јуни годинава просечната плата изнесувала 36.527 денари, додека пак во мај 36.465 денари.
Еве ја листата на највисоки плати во Македонија согласно последните податоци на Државниот завод за статистика:
- Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 91.970 ден.
- Останати стручни, научни и технички дејности 61.687 ден.
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место 60.198 ден.
- Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 53.262 ден.
- Правни и сметководствени дејности 52.738 ден.
- Управувачки дејности; советување во врска со управувањето 51.832 ден.
- Маркетинг (реклама и пропаганда) и
истражување на пазарот 50.065 ден.
- Вадење на руди на метал 48.296 ден.
- Дејности на организации врз база на зачленување 48.282 ден.
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 46.918 ден.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете




